Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери Македонија, во саботата беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од Пелагониски, Полошки, Источен и Североисточен регион, што се одржа во хотел Гранит во Охрид. Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во проектот, а на почетокот беше организирана посета на компанијата Унипласт во Струга, еден од учесниците во Проектот, каде сопствениците зборуваа за сопствените менаџерски предизвици. Подоцна, учесниците во Проектот имаа можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, во саботата беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од Пелагониски, Полошки, Источен и Североисточен регион, што се одржа во хотел Гранит во Охрид.
Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во проектот, а на почетокот беше организирана посета на компанијата Унипласт во Струга, еден од учесниците во Проектот, каде сопствениците зборуваа за сопствените менаџерски предизвици.
Подоцна, учесниците во Проектот имаа можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
„Потенцијалот за соработка помеѓу компаниите е недоволно искористен, како и соработката помеѓу сродни и комплементарни бизниси, која што пак отвора можности за посериозен настап како на домашниот, така и на странскиот пазар. Оттука, организирањето на ваков настан како денешниот, каде на едно место се среќаваат сопственици на компании од разни делови на Македонија, е повеќе од потребно. Само со овој Проект, во изминативе 5 години се воспоставени преку 170 бизнис соработки помеѓу претприемачи учесници во проектов, коишто отпочнале токму на некој ваков настан. Со нетрпение ги очекувам новите соработки што ќе произлезат од денешното дружење", изјави заменик директор на Проектот, ЦЕЕД Македонија, Билјана Дамевска.
Настаните за вмрежување се една од главните активности на Проектот за поттикнување на продажбата меѓу претприемачите од различни делови од Македонија. На настани како овој, учесниците создаваат нови релации и воспоставуваат соработки.
Започнат од УСАИД во јули 2011-та година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3,079,400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд.
Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.