Бизнис за бизнис вмрежување меѓу компании од Македонија и Косово

Bez autora
Mar 28 2017

Бизнис за бизнис (Business to Business) вмрежување меѓу компании од Македонија и Косово, се одржа во вторник во Сити Хол Центар, Скопје. Станува збор за проект на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија. Целта на овој настан е да креира можности за соработка меѓу компании од Македонија и Косово. Соработката меѓу компаниите од регионот е многу важна, особено за помалите економии, како овие две земји, истакна Стефан Томаџан, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија. На настанот присуствуваа сопственици на микро и мали компании, учесници во Проектот, членови на ЦЕЕД бизнис и едукативниот клуб од Македонија и членови на ЦЕЕД Косово.

Бизнис за бизнис вмрежување меѓу компании од Македонија и КосовоБизнис за бизнис (Business to Business) вмрежување меѓу компании од Македонија и Косово, се одржа во вторник во Сити Хол Центар, Скопје.

Станува збор за проект на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија.

„Целта на овој настан е да креира можности за соработка меѓу компании од Македонија и Косово. Соработката меѓу компаниите од регионот е многу важна, особено за помалите економии, како овие две земји“, истакна Стефан Томаџан, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија.

На настанот присуствуваа сопственици на микро и мали компании, учесници во Проектот, членови на ЦЕЕД бизнис и едукативниот клуб од Македонија и членови на ЦЕЕД Косово.

„Од аспект на продажба и извоз, настаните за вмрежување се една од најважните активности на Проектот за учесниците, затоа што претставуваат можност за запознавање со нови пазари, создавање нови контакти и воспоставување нови партнерства“, рече Татјана Марковска, проект менаџер од Канцеларијата за економски развој, УСАИД.

Бизнис за бизнис (Б2Б) средбите се одлична можност за запознавање со условите на странските пазари, за истражување нови можности и остварување релации со потенцијал да прераснат во бизнис партнерства.

Започнат од УСАИД во јули 2011 година, кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија во вредност од 3.079.400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони и ја покриваат целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е една од институциите во наследство на УСАИД и е имплементатор на Проектот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik