Богов: Македонскиот банкарски систем е стабилен

Bez autora
Jun 22 2015

Македонскиот банкарски систем е стабилен и може без поголеми последици да ги издржи ударите од можната криза во еврозоната, констатира гувернерот на Народната банка Димитар Богов на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Охрид. На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, е разговарано за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз Македонија. Гувернерот Богов го информира претседателот Иванов за преземените мерки и активности на Народната банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. Двајцата соговорници контатираа дека Народната банка претставува стабилна институција која досега покажала капацитет во постигнување финансиска стабилност и одржување сигурен и стабилен банкарски систем.

Богов: Македонскиот банкарски систем е стабиленМакедонскиот банкарски систем е стабилен и може без поголеми последици да ги издржи ударите од можната криза во еврозоната, констатира гувернерот на Народната банка Димитар Богов на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Охрид.

На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, е разговарано за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз Македонија.

Гувернерот Богов го информира претседателот Иванов за преземените мерки и активности на Народната банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната.

Двајцата соговорници контатираа дека Народната банка претставува стабилна институција која досега покажала капацитет во постигнување финансиска стабилност и одржување сигурен и стабилен банкарски систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik