Богов: Нема одлука за зголемување на каматите

Bez autora
May 26 2015

Нема одлука за зголемување на каматните стапки за кредитите. Ова го тврди гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој објаснува дека кога пред пратениците зборувал за зголемување на каматите, всушност објаснувал хипотетичка ситуација, во случај политичката криза да продолжи, а не дека рекол веднаш ќе се дојде до зголемување на каматите. Таа негативна спирала ќе почне да се врти, кога ќе има уште помалку инвестиции, уште помала потрошувачка, нема да создаваат нови работни места, можно е да дојде и до намалување на платите и да се влезе во една спирала која што многу веројатно е за еден период. Тоа нема да се случи денеска или утре, меѓутоа во втората половина на годината веќе ќе имаме ситуација кога македонската економија би се соочила со рецесија, нормално ако продолжи оваа политичка неизвесност или уште ако ескалира. Во таква ситуација, може да дојде во прашање и ценовната стабилност, вели Богов.

Богов: Нема одлука за зголемување на каматитеНема одлука за зголемување на каматните стапки за кредитите. Ова го тврди гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој објаснува дека кога пред пратениците зборувал за зголемување на каматите, всушност објаснувал хипотетичка ситуација, во случај политичката криза да продолжи, а не дека рекол веднаш ќе се дојде до зголемување на каматите.

„Таа негативна спирала ќе почне да се врти, кога ќе има уште помалку инвестиции, уште помала потрошувачка, нема да создаваат нови работни места, можно е да дојде и до намалување на платите и да се влезе во една спирала која што многу веројатно е за еден период. Тоа нема да се случи денеска или утре, меѓутоа во втората половина на годината веќе ќе имаме ситуација кога македонската економија би се соочила со рецесија, нормално ако продолжи оваа политичка неизвесност или уште ако ескалира. Во таква ситуација, може да дојде во прашање и ценовната стабилност“, вели Богов. Според него искуството во Македонија покажува дека секогаш кога има рецесија обично има и притисоци врз макроекономската стабилност. „Во таква ситуација, Народната банка, според закон, има обврска да ја одржи ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. Инструментите коишто нам ни стојат на располагање се каматните стапки, задолжителната резерва, макропрудентните мерки. Ќе го преземеме она што мора да го преземеме за да ја зачуваме стабилноста во една таква хипотетичка ситуација“ додаде Богов.

Народната Банка прогнозира раст на економијата од 4,1 проценти годинава, сепак, нестабилноста на политичката сцена – може да го стопи предвидениот раст на економијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik