Британската „Hystead Limited“ (Hystead), компанија во косопственост на „Hyprop Investments Limited (Hyprop)“ и „PDI Investment Holdings Limited“ (PDI), во вторникот соопшти дека го купила македонскиот трговски центар, Skopje City Mall од „Balfin Finance BV“ од Амстердам. Вкупната купопродажна вредност изнесува 92 милион евра. Како што се наведува во соопштението до медиумите „Skopje City Mall“ е доминантниот трговски центар во главниот град во Македонија, Скопје, и најголемиот во државата. Скопје има население од околу 506.926 жители. Трговскиот центар нуди 37.600 квадратни метри бруто површина за изнајмување и 137 закупци, меѓу кои Zara, Terranova, Koton, LC Waikiki, Bershka, New Yorker и Fashion & Friends. Отворен во октомври 2012 година, Трговскиот центар е модерен центар на неколку ката, сместен на околу 3 км западно од центарот на градот.
Британската „Hystead Limited“ (Hystead), компанија во косопственост на „Hyprop Investments Limited (Hyprop)“ и „PDI Investment Holdings Limited“ (PDI), во вторникот соопшти дека го купила македонскиот трговски центар, Skopje City Mall од „Balfin Finance BV“ од Амстердам. Вкупната купопродажна вредност изнесува 92 милион евра.
Како што се наведува во соопштението до медиумите „Skopje City Mall“ е доминантниот трговски центар во главниот град во Македонија, Скопје, и најголемиот во државата. Скопје има население од околу 506.926 жители. Трговскиот центар нуди 37.600 квадратни метри бруто површина за изнајмување и 137 закупци, меѓу кои Zara, Terranova, Koton, LC Waikiki, Bershka, New Yorker и Fashion & Friends. Отворен во октомври 2012 година, Трговскиот центар е модерен центар на неколку ката, сместен на околу 3 км западно од центарот на градот.
„Наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во Југо-источна Европа. Македонија е мало, отворено стопанство кое направи големи чекори за зацврстување на економијата во текот на последната деценија. Според проценките на Светска банка, реалниот пораст на македонскиот БДП изнесува 3,3 отсто за 2017 година. Високата стапка на издаденост , ветувачкиот број на посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Skopje City Mall се гаранција за атрактивноста на инвестицијата. Постоечкиот управувачки тим на Трговскиот центар ќе остане со цел да се задржат критичните вештини. Очекуваме дека оваа инвестиција ќе ги зголеми приходите на Hyprop“, се истакнува во писмената изјава на Пиетер Принсло, главниот извршен директор на Hyprop
Стратегијата на Hyprop за југоисточна Европа е да ги купува доминантните шопинг центри преку Hystead. Hyprop има удел од 60 отсто во Hystead, додека PDI, компанија застапувана од Луис Норвал, го поседува останатиот удел од 40 проценти. Така, Hystead сега поседува три објекта во југоисточна Европа, и тоа Delta City Podgorica во Црна Гора, Delta City Belgrade во Србија