Буџетот за поддршка на иновациите на компаниите ќе се зголеми 12 пати

Bez autora
Oct 24 2019

Владата го донесе новиот текст на одлуката за давање согласност на „Програмата за измени и дополнувања на среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“. Со предложените измени се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање проекти во рамките на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170-200 компании, во зависност од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување кофинансирање, од пристигнатите 487 апликации.

Буџетот за поддршка на иновациите на компаниите ќе се зголеми 12 патиВладата го донесе новиот текст на одлуката за давање согласност на „Програмата за измени и дополнувања на среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.

Со предложените измени се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање проекти во рамките на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170-200 компании (во зависност од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување кофинансирање) од пристигнатите 487 апликации.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е малку над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, а 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства, кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија.

Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува речиси 12 пати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik