Бугари масовно купуваат македонско јагнешко

Bez autora
Apr 27 2016

Месарниците во источна Македонија се полни со купувачи од Бугарија, кои масовно пазаруваат јагнешко месо пред Велигден. Цените на јагнешкото во поголемите маркети во Скопје деновиве достигнуваат и до 380 денари за килограм, иако пред само десетина дена свежото јагне се чинеше под 300 денари. Интересот на бугарските купувачи им оди во прилог на домашните трговци, кои не исклучуваат дека цената може да оди нагоре и над 400 денари за килограм. Од друга страна, деновиве нашите месарници и не продаваат само еден килограм, туку нудат бут или плешка, од најмалку три килограми со кои мора да се земе и јагнешката глава или дроб.

Бугари масовно купуваат македонско јагнешкоМесарниците во источна Македонија се полни со купувачи од Бугарија, кои масовно пазаруваат јагнешко месо пред Велигден.

Цените на јагнешкото во поголемите маркети во Скопје деновиве достигнуваат и до 380 денари за килограм, иако пред само десетина дена свежото јагне се чинеше под 300 денари.

Интересот на бугарските купувачи им оди во прилог на домашните трговци, кои не исклучуваат дека цената може да оди нагоре и над 400 денари за килограм.

Од друга страна, деновиве нашите месарници и не продаваат само еден килограм, туку нудат бут или плешка, од најмалку три килограми со кои мора да се земе и јагнешката глава или дроб.

Како што пишува бугарски „Монитор“, бугарските граѓани масовно заминуваат во Македонија и во Србија и купуваат јагниња и од месарниците и директно од фармите.

Цените се за 25-30 проценти пониски од тие во Бугарија. Килограм јагне во Крива Паланка чини околку 5 евра, а во Бугарија 15 лева или 7,5 евра, пишува „Монитор“.

Килограм жива мера е меѓу 2 и 3 евра, а цело јагне се продава за 60 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik