Официјалните преговори за преземање на кавадаречката фабрика „Фени Индустри“ од страна на бугарската компанија „Енекод“ ќе започнат од понеделник. Бугарските инвеститори кои се заинтересирани за преземање на фабриката соопштија дека не се точни информациите дека пропаднала зделката. Тие во допис до медумите информираат дека со почетокот на официјалните преговори в понеделник, ќе започне и експертска оцека и анализа со цел да се изготви план за ревитализација на „Фени Индустри“. Од бугарската компанија потврдуваат дека досега имале неофицијални средби со банките кредитори, на кои им било предложено преструктуирање на кредитите за непречено да продолжи со работа фабриката.
Официјалните преговори за преземање на кавадаречката фабрика „Фени Индустри“ од страна на бугарската компанија „Енекод“ ќе започнат од понеделник. Бугарските инвеститори кои се заинтересирани за преземање на фабриката соопштија дека не се точни информациите дека пропаднала зделката.
Тие во допис до медумите информираат дека со почетокот на официјалните преговори в понеделник, ќе започне и експертска оцека и анализа со цел да се изготви план за ревитализација на „Фени Индустри“.
Од бугарската компанија потврдуваат дека досега имале неофицијални средби со банките кредитори, на кои им било предложено преструктуирање на кредитите за непречено да продолжи со работа фабриката.
Но, според „Енекод“ , за жал банките не ги прифатиле нивните предлози и изнеле „нереални услови за исполнување на обврските од компанијата која што се уште не е сопственик на „Фени“.
Компанијата „Енекод“ АД повторува дека не се откажала ниту договорот за купување, ниту пак од условите кои им биеа поставени, но сметаат дека „добрата волја, коректноста и професионализмост се основата на успешниот бизнис“.
Тие се надеваат на договор со кредиторите, во интерес на фабриката „Фени“.„Енекод“ во соопштението објаснува дека е еден од кредиторите и доставувачи на електрична енергија за „Фени“.
Во меѓувреме вработените во „Фени Индустри“ од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа. Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов во изјава за медиумите вели дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и оти новиот сопственик од Бугарија не се откажува од Фени Индустри.
Како што објави „Макфакс“, за финализирање на договорот со бугарската компанија останува банките со кои соработува „Фени“ да се согласат на продажба, а за да се согласат, побарале кеш отплата на дел од долгот и гаранции за отплата на преостанатиот дел како доказ за сериозноста во намерите на инвеститорот, но не добиле никакви гаранции ниту, пак, отплата.
„Макфакс“ истражувајќи ја компанијата„Енекод“ дојде до податок дека за првите шест месеци од работењето годинава, компанијата пријавила загуба од 640.000 лева, односно 320.000 евра. За да го преземе „Фени“ компанијата минатата недела се обврза да го плати и целиот долг кој надминува 70 милиони евра.