Бугарски "Минстрој холдинг" нуди запирање на стечајот за "Фени"

Bez autora
Mar 06 2018

Бугарската компанија „Минстрој холдинг“ денеска информираше дека понудила решение за актуелната состојба со „Фени“. По неколкумесечна работа и анализа на состојбите во комбинатот, тие нудат целосна исплата на обврските кон сите доверители утврдени со стечајната постапка, затворање на стечајната постапка и ставање на комбинатот во нормален деловен режим, структурирање менаџерски тим со искусните работници во фабриката, обезбедување руда, двегодишен инвестиционен план од 30 милиони евра за санација на двете електропечки и придружната опрема, можност за рестартирање на рудникот во Ржаново и отворање нови работни места.

Бугарски "Минстрој холдинг" нуди запирање на стечајот за "Фени"Бугарската компанија „Минстрој холдинг“ денеска информираше дека понудила решение за актуелната состојба со „Фени“.

По неколкумесечна работа и анализа на состојбите во комбинатот, тие нудат целосна исплата на обврските кон сите доверители утврдени со стечајната постапка, затворање на стечајната постапка и ставање на комбинатот во нормален деловен режим, структурирање менаџерски тим со искусните работници во фабриката, обезбедување руда, двегодишен инвестиционен план од 30 милиони евра за санација на двете електропечки и придружната опрема, можност за рестартирање на рудникот во Ржаново и отворање нови работни места.

„За нашиот холдинг тешката индустрија претставува основен двигател и столб во водењето бизнис. Нашата компанија е препознатлива по стручноста и умешноста во санацијата и рестартирањето на рударско-индустриски капацитети, поле во кое сме докажани во реалноста, на повеќе проекти. Пример за тоа се двата рудника во Македонија за кои имаме концесија, ‘Злетово’ и ‘Тораница’, во кои без магично стапче, туку со верба и многу посветена работа, следена со реални инвестиции успеавме да покажеме резултат. Лично сум убеден и верувам во потенцијалите на ‘Фени’ пред сè затоа што Кавадарци е град со 80-годишна традиција во производство на никел и луѓето ја имаат културата и енергијата со генерации за вакво нешто. Знам дека ‘Минстрој холдинг’ АД знае и и има капацитети да го врати ‘Фени’ на вистинскиот пат при што ќе биде решен голем проблем на македонската економија“, соопшти Николај Валканов, претседател на бордот на директори на „Минстрој“.

Во соопштението од компанијата стои дека е формирана во 1952 година со основна дејност експлоатација на олово-цинкова руда. Компанијата има седум рудници во Бугарија и два во Македонија и специјализирана механизација за реализирање на основната дејност.

Една од главните дејности на компанијата е и производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – сонце и вода, а учествува и во изградба на големи инфраструктурни проекти, како пречистителни станици, депоа за комунален отпад, водовод, канализација и патишта.

„Минстрој холдинг” соопшти дека компанијата поседува хотели во ски-центри и СПА-летувалишта со минерална вода низ Бугарија, како и туристички објекти на Црното Море. Во последните години холдингот има планирано и реализирано повеќе од 300 милиони евра директни инвестиции во регионот.

Вкупниот број  вработени лица во „Минстрој холдинг” АД изнесува околу 4.500.

„Минстрој холдинг” АД е носител на стандарди за квалитет, заштита при работа и заштита на животната средина, соодветно: ISO 9001:2008; ВS OHSAS 18001:2007; ISO 14001:2004.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik