„Чајна енерџи“ најави учество во повеќе проекти во Македонија

Bez autora
Nov 28 2017

Премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, денеска во Будимпешта оствари средба со потпретседателот на бордот на директори на компанијата „Чајна енерџи“, Динг Јанжанг, и други претставници на менаџментот на компанијата. Од компанијата, која има отворено свое претставништво во Скопје, истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата Влада и најави учество на 5 проекти во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките што следуваат во претстојниот период, посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката, соопшти владината прес-служба.

„Чајна енерџи“ најави учество во повеќе проекти во МакедонијаПремиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, денеска во Будимпешта оствари средба со потпретседателот на бордот на директори на компанијата „Чајна енерџи“, Динг Јанжанг, и други претставници на менаџментот на компанијата.

„Од компанијата, која има отворено свое претставништво во Скопје, истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата Влада и најави учество на 5 проекти во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките што следуваат во претстојниот период, посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката“, соопшти владината прес-служба.

Од таму наведуваат дека на средбата се разговарало и за новите владини политики за економски раст и привлекување нови инвестиции за кои, како што се вели во соопштението, претставниците на кинеската компанија покажале сериозен интерес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik