Цените на металите паѓаат, расте интересот за македонските рудници

Bez autora
Jan 13 2016

Наспроти значителниот пад на цената на металите на светската берза, расте бројот на странски компании кои сакаат да инвестираат во македонски рудници. Компании од Канада, Русија, Америка, Украина, Кина, Австралија, Англија веќе имаат инвестирано во нашите најпознати рударски капацитети, а дел од нив работат на отворање нови рудници или го имаат најавено својот интерес за инвестирање во дел од постојните рударски капацитети. Со што ги привлекува Македонија странските инвеститори, од аспект на нејзиниот рударски потенцијал? Според Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударите (МАР), привлечноста на државата како значајна рударска локација ја прави разноликоста и богатството на минералните суровини. На македонска територија се застапени речиси сите минерални суровини познати во светот, но поголем дел од нив не се во фаза на експлоатација, зашто за отворање нови рудници се неопходни големи финансиски средства.

Цените на металите паѓаат, расте интересот за македонските руднициНаспроти значителниот пад на цената на металите на светската берза, расте бројот на странски компании кои сакаат да инвестираат во македонски рудници.

Компании од Канада, Русија, Америка, Украина, Кина, Австралија, Англија веќе имаат инвестирано во нашите најпознати рударски капацитети, а дел од нив работат на отворање нови рудници или го имаат најавено својот интерес за инвестирање во дел од постојните рударски капацитети. Со што ги привлекува Македонија странските инвеститори, од аспект на нејзиниот рударски потенцијал?

Според Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударите (МАР), привлечноста на државата како значајна рударска локација ја прави разноликоста и богатството на минералните суровини.

„На македонска територија се застапени речиси сите минерални суровини познати во светот, но поголем дел од нив не се во фаза на експлоатација, зашто за отворање нови рудници се неопходни големи финансиски средства. Без оглед на ценовните турбуленции, светската економија не може без минералните суровини, поради што рудниците секогаш се и ќе бидат од посебен интерес за инвеститорите кои имаат пари за нив да ги доведат во производна состојба“, вели првиот човек на македонското рударство.

Според Николов, националните руднички потенцијали најдобро се утврдени со деталните геолошки истражувања извршени во текот на минатиот систем.

„Во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, кога се извршени најтемелни геолошки истражувања досега, експлоатацијата на дел од нив не наоѓала своја економска оправданост. Тогаш биле други цените на металите, а друга била и економската оправданост, па ако тогаш било нелогично да се вади руда, денес, со развојот на светската економија, инвестирањето може да има своја логика и економската оправданост. Резултат на овие факти е зголемениот интерес на странски компании кои имаат финансиска моќ да инвестираат во рудници во Македонија“, посочува Николов.

Интересен е податокот дека од осамостојувањето на нашата држава па до денес не е отворен ниту еден нов рудник. Оттука, од металските рудници кај нас се' уште опстојуваат трите рудници за олово и цинк „Саса“, „Злетово“ и „Тораница“, иако последните два се во фаза на мирување и во очекување на нов инвеститор.

Македонија ги има и единствените рудници за бакар и за фероникел „Бучим“ и „Фени“. Но, токму фактот дека нашата држава располага со значајни металски потенцијали, придонесе странски инвеститори да работат на отворање на четири нови рудници за бакар. Тоа се „Иловица“, во струмичкиот регион „Казан Дол“ кај Валандово, „Кадиица метал“ кај Пехчево, „Боров Дол“ кој зафаќа територија на две општини Конче и Штип.

Во „Иловица“ инвестира канадско-кинеско-англиски конзорциум, во „Казан Дол“ компанија од Украина, а во „Кадиица метал“ и во „Боров Дол“ руската компанија „Солвеј“, која е сопственик и на рудникот „Бучим“.

„Саса“ од пред неколку месеци стана сопственост на Американски инвестициски фонд, а по откажувањето на индиската компанија „Индоминерали и метали“ од „Злетово“ и „Тораница“, дури пет странски компании пројавија интерес да станат сопственици на овие рудници. Австралиска компанија заедно со кратовски „Силекс“ инвестираат во нов рудник за злато и бакар „Плавица“ на локација меѓу Кратово и Пробиштип.

„Неопходно е рудниците во Пробиштип и во Крива Паланка што побргу да добијат нови инвеститори, бидејќи се работи за рудници со подземна експлоатација, кои кога не работат се подложни на ерозија на јамските простори. Тука е и социјалниот елемент, зашто од овие капацитети живеат илјада домаќинства“, смета Николов.

Цената на металите на светската берза е во постојан пад. Бакарот во 2013 година беше чинеше 8.200, а денес неговата цена е 4.350 долари по тон. Оловото спадна на 1.600, а цинкот на 1.450 долари по тон, фероникелот има цена од 8.400 долари по тон, а според Николов, минималната цена под која нема рентабилно работење на „Фени“ изнесува 15.000 долари по тон.

„Пракса во светот е да се инвестира во рудници токму кога паѓа цената на металите, зашто тоа се моменти кога паѓа и цената на самите рудници. Инвеститорите се свесни дека светот не може без бакар, олово, цинк, фероникел, злато и дека секоја инвестиција во таа насока, кога-тогаш станува исплатлива“, вели Николов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik