Компанијата „Централ Азија металс“, со седиште во Лондон, Велика Британија, и официјално стана сопственик на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица кога на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 проценти од „Линкс ресорсис лимитед“, поранешниот сопственик на рудникот. Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза на која котира „Централ Азија металс“. Задоволни сме што процесот на аквизиција заврши успешно и што се отвора патот за успешно иднина на рудникот ‘Саса’.
Компанијата „Централ Азија металс“, со седиште во Лондон, Велика Британија, и официјално стана сопственик на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица кога на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 проценти од „Линкс ресорсис лимитед“, поранешниот сопственик на рудникот.
Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија.
Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза на која котира „Централ Азија металс“.
„Задоволни сме што процесот на аквизиција заврши успешно и што се отвора патот за успешно иднина на рудникот ‘Саса’. Веруваме дека со тоа ќе дадеме дополнителен поттик за севкупен развој на локалната заедница, но и на македонската економија“, изјави извршниот претседател на „Централ Азија металс“, Ник Кларк.
Компанијата „Централ Азија металс“ ја купи „Линкс ресорсис лимитед“ за 402,5 милиона долари.
„Централ Азија металс“ е компанија со големо оперативно искуство, а поседува 100 отсто од операцијата за бакар „Коунрад“ и 80 отсто од концесијата за истражување бакар во „Шаук“, и двете во Казахстан.