Честите законски измени го збунуваат бизнисот

Bez autora
Apr 14 2015

Најголем дел од законите во државава брзо се подготвуваат, уште побрзо се донесуваат, а во многу кус временски период често се менуваат и тоа по неколку пати во текот на годината. Бизнис-заедницата, и домашната и странската, досега неколку пати реагираше на оваа ситуација затоа што тоа им создава конфузија, несигурност и нестабилност во планирањето и работењето. Има многу примери за оваа практика. Еден од најчесто менуваните законски текстови е Законот за работни односи. Од донесувањето на новата верзија во 2005 година, досега овој Закон има претрпено над 15 измени, а најновата е во собраниска процедура. Законот за трговски друштва во 2013 година претрпе четири измени, а во 2014 година уште три.

Честите законски измени го збунуваат бизнисотНајголем дел од законите во државава брзо се подготвуваат, уште побрзо се донесуваат, а во многу кус временски период често се менуваат и тоа по неколку пати во текот на годината. Бизнис-заедницата, и домашната и странската, досега неколку пати реагираше на оваа ситуација затоа што тоа им создава конфузија, несигурност и нестабилност во планирањето и работењето.

Има многу примери за оваа практика. Еден од најчесто менуваните законски текстови е Законот за работни односи. Од донесувањето на новата верзија во 2005 година, досега овој Закон има претрпено над 15 измени, а најновата е во собраниска процедура. Законот за трговски друштва во 2013 година претрпе четири измени, а во 2014 година уште три. Слична е состојбата и со повеќе закони од социјалната сфера, а последните измени на Законот за социјални придонеси или популарниот, Закон за хонорарците, предизвика многу реакции и протести во јавноста кои се' уште траат. Тој почна да важи од 1 јануари годинава, а досега претрпе две измени. Најсвеж пример се измените во Законот за слободни економски зони. Со нив на инвеститорите веќе не им е дозволено да го откупуваат земјиштето и објектите во зоните, а тоа, пак, им беше овозможено, со измените на тој Закон што се донесоа пред само неколку месеци, во октомври минатата година. Во изминатите неколку години повеќе пати се менуваа и дополнуваа Законите за енергетика, за трговски друштва, за задолжница, за возила, низа закони од даночната и од социјалната сфера...

Бизнисмените реагираат на оваа практика.

„Од една страна законите често се менуваат, а од друга, измените како и новите закони се носат многу набрзина. Уште не заживеани во практика некои законски решенија, веќе се носат измени, и тоа по неколку за кусо време. Токму затоа што се брзало со нивното донесување и во подготовката не е консултирана бизнис-заедницата да даде свои сугестии и забелешки. Законот за работни односи, на пример, веќе е толку пати менуван што воопшто не личи на првичната верзија и веќе треба да се донесе целосно нов законски текст. Сето тоа за компаниите значи правна несигурност во работењето. На тоа е многу пати реагирано кај Владата“, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавци.

Многу е важно економскиот амбиент да биде стабилен и предвидлив, како за странските така и за домашните компании. Со тоа ќе се зголеми и храброста и амбициите на работодавците. Ова го оценува Анета Пешева, генерален менаџер на „Ултра-унет“ групација на компании.

Таа вели: „Перманентното менување на законите од сферата на економијата, за жал, колку тие и да носат поволности, како на пример последниот, за вработување на младите, предизвикуваат чувство на непредвидливост и неможност да се планираат следните чекори. Континуираниот дијалог со бизнис-заедницата, пред да се донесат законите, е потребен, како прва точка за проверка на исправноста на следните чекори. Во практика, странските инвеститори и понатаму се во попривилегирана позиција во однос на домашните. Апелирам тоа да се менува преку слични мерки и за македонските компании, со цел да се создадат барем приближно фер односи на пазарот на работна сила“.

И странските инвеститори во земјава имаат низа забелешки на честите промени во законите, што им создава правна несигурност. Советот на странски инвеститори во „Белата книга“ препорачува измените на законите да бидат во согласност со програмата за работа на Владата за конкретната година и да не се оптоваруваат фирмите со премногу чести законски и подзаконски промени.

„Тоа е од суштинско значење за фирмите, бидејќи од толку многу измени на некој закон во текот на една година, може да се случи фирмите да не успеат да исполнат одредени обврски предвидени во него“, се вели во „Белата книга“, каде што е посветено цело поглавје токму на овој проблем.

Странските инвеститори забележуваат дека во 2013 година на Единствениот национален електронски регистар, ЕНЕР, биле објавени само 44,5 отсто од предлог-законите, во споредба со 61,3 отсто во 2012 година.

„Информациите на ЕНЕР се појавуваат дури откако некој закон е објавен на веб-страницата на Собранието. Така што не може да се добие јасна претстава како се одвивала дискусијата, ниту пак да се знае кога завршила расправата. Голем број нацрт- закони се означени со статус ’отворен‘ за јавна дебата, а всушност тие се веќе ’затворени‘ и се доставени до Собранието, во некои случаи се и усвоени. На тој начин засегнатите страни немаат доволно време да го проучат законот, ниту да влијаат за некакви промени во него“, стои во „Белата книга“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik