Еколошкото означување на производите, еколошкото производство и користењето амбалажа што не ја загрозува животната средина може да ги намали трошоците на фирмите за 20 до 40 отсто. Оваа можност им се нуди на сите компании што имаат можност во текот на целиот производствен процес и во давањето на услугата да применуваат построги критериуми со кои се обезбедува поголема заштита на животната средина во однос на другите слични или од ист вид производи и услуги. Еколошкото етикетирање не е задолжително, туку производителите ако сакаат да ја зголемат својата општествена одговорност и да влијаат позитивно врз животната средина може да ја применуваат. Според правилниците, има осум области што може да добијат еколошко означување.
Еколошкото означување на производите, еколошкото производство и користењето амбалажа што не ја загрозува животната средина може да ги намали трошоците на фирмите за 20 до 40 отсто. Оваа можност им се нуди на сите компании што имаат можност во текот на целиот производствен процес и во давањето на услугата да применуваат построги критериуми со кои се обезбедува поголема заштита на животната средина во однос на другите слични или од ист вид производи и услуги.
Еколошкото етикетирање не е задолжително, туку производителите ако сакаат да ја зголемат својата општествена одговорност и да влијаат позитивно врз животната средина може да ја применуваат. Според правилниците, има осум области што може да добијат еколошко означување.
Тоа се детергенти за рачно миење садови, за туристичко сместување, производство на бои и лакови, мебел, текстил, хигиенска хартија, обувки, шампони и кондиционери за коса.
Според Јадранка Иванова, раководител на сектор за Европска Унија во Министерството за животна средина и просторно планирање секоја фирма може да обезбеди сертификат.
- Сертификатот го издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а за да може одредена компанија да добие, потребно е да исполнува одредени критериуми поделени во две групи, општи и посебни. Ако се применува еколошката ознака, давателот има корист, како што е намалена потрошувачка на електрична енергија, вода, создавање отпад, зголемено користење обновливи извори на енергија и зголемена комуникација со граѓаните, производителите и со потрошувачите - вели Иванова. Според неа, давањето на еколошката ознака го опфаќа целиот производствен процес.
Според правилниците, има осум критериуми за еколошка дозвола, што значи осум вида производи и услуги може да бидат сертифицирани, односно да им биде дадена еколошка ознака.
- Сите критериуми се направени врз основа на физибилити-студии, кои кажаа колку вакви производи се произведуваат на територијата на Македонија. Тоа ќе биде корисно за компаниите, односно какви заштеди ќе имаат во текот на производството и колку граѓаните ги користат и можат да влијаат на пазарот и ќе го изберат производот со еколошка ознака, а со тоа ќе придонесат за намалено влијание врз животната средина - велат експертите.
На македонскиот пазар, според неа, се продаваат производи со еколошка ознака на Европската Унија, но с` уште ниту една компанија во земјава нема добиено ваква ознака.
- Најголем интерес има за исполнување на еколошките критериуми за туристичко сместување, најблиску сме со четири компании, за кои очекуваме до крајот на годината да ги добиеме и првите апликации. Се работи за четири хотели од регионот на Охрид, за кои се надеваме дека ќе бидат сертифицирани и ќе ја добијат еколошката ознака - велат во ресорното министерство.