Иако навидум сличен, поимот енергетска ефикасност воопшто не е ист како штедењето на електрична енергија. Со воведување на енергетска ефикасност се цели кон задржување на комфорот од користење на енергија, без воведување на поголеми трошоци. Ова се однесува на секаков тип на енергија која ја користи домот, не само на електрична. Пример за разликата помеѓу енергетската ефикасност и штедењето на енергија се сијалиците. Штедливите сијалици се енергетско ефикасни со тоа што од нив се добива светлина за само дел од трошокот од другите видови на сијалици. Во суштина енергетската ефикасност ја обезбедува потребната светлина без жртвување на енергија и потребно време како претходно. Доколку некој сака да заштеди со стари сијалици, дефинитивно е потребно да се посвети внимание кога тие се вклучени и да се исклучуваат постојано за да се заштеди.
Иако навидум сличен, поимот енергетска ефикасност воопшто не е ист како штедењето на електрична енергија. Со воведување на енергетска ефикасност се цели кон задржување на комфорот од користење на енергија, без воведување на поголеми трошоци. Ова се однесува на секаков тип на енергија која ја користи домот, не само на електрична.
Пример за разликата помеѓу енергетската ефикасност и штедењето на енергија се сијалиците. Штедливите сијалици се енергетско ефикасни со тоа што од нив се добива светлина за само дел од трошокот од другите видови на сијалици. Во суштина енергетската ефикасност ја обезбедува потребната светлина без жртвување на енергија и потребно време како претходно. Доколку некој сака да заштеди со стари сијалици, дефинитивно е потребно да се посвети внимание кога тие се вклучени и да се исклучуваат постојано за да се заштеди. Сега постои можност да не се внимава постојано на нивното користење и воедно да се ужива во придобивките кои ги носат сијалиците.
Енергетската ефикасност полека влегува во фокус и во македонската јавност поради градежниот бум кој ја зафати државата. Сè повеќе луѓе и компании сакаат да ги искористат придобивките од воведување на енергетска ефикасност.
Финансиски заштеди
Првата придобивка е најочигледна во поглед на енергетската ефикасност. Пример за оваа придобивка се енергетско ефикасните прозорци кои не дозволуваат преголемо количество на топлина да излегува од домот. Со вградување на вакви прозорци секој може да заштеди на ресурсите потребни за загревање на домот. Со малку загревање во објектот се постигнува оптимална температура која за многу помалку време, за разлика од претходно, го напушта објектот. Прозорците во склоп со други производи и методи за енергетска ефикасност ја намалуваат потрошувачката на енергијата во домот и на месечно ниво ги минимизираат трошоците. На почетокот можеби изгледа дека инвестицијата во систем за енергетска ефикасност е прескап, но истиот со сигурност е исплатлив и на краток и на долг рок.
Поголем комфор во домот и подобар начин на живот
Оваа придобивка е најмалку опиплива во однос на претходната, но секој кој има воведено стандарди за енергетска ефикасност во својот дом може да сведочи за истата. Таа станува сè поочигледна по сè подолго користење на енергетско ефикасни производи. По одреден период се намалува потребата постојано да се размислува за висината на сметката за електрична или топлинска енергија. Секојдневен стрес кој голем број на луѓе го имаат, но со воведувањето на енергетска ефикасност истиот полека исчезнува. Топлината во домот е најдобар пример за комфорот кој се чувствува. Кога објектот се изолира со потребните материјали, топлината повеќе се задржува во домот и објектот е оптимално затоплен во текот на денот. Со воведување на елементи за енергетска ефикасност може да уживате во комфорот во целиот дом наместо кога во зима целото семејство се грее во само една просторија. Енергетско ефикасните објекти овозможуваат мир на умот и намалување на грижите. Од таму доаѓа најголемиот комфор.
Подобра цена за препродажба
Продажбата на енергетски ефикасните објекти е полесна имајќи ја во предвид нивната побарувачка. Секој сака да заштеди на крајот на месецот и секој сака без премногу грижи да ги плати сметките за електрична и топлинска енергија. Воедно, производите кои се користат во самиот објект се високо издржливи поради тоа што се користат најмодерните технологии. Тие се долготрајни, а затоа што луѓето бараат дом во кој ќе поминат долги години, истите го прават објектот попривлечен на пазарот.
Заштита на животната средина
Со намалување на потрошувачката на енергија се намалуваат и ресурсите за нејзино користење. Овие ресурси се од различни видови, некои се греат на дрва, струјата користи јаглен, итн. Вака се намалуваат и емисиите на СО2 во атмосферата што доведува до намалување на загаденоста. За секој кој се грижи за животната средина, енергетско ефикасните производи се совршениот избор.
Со енергетската ефикасност секој е добитник. Корисниците ја намалуваат потрошувачката, градежниците ја задржуваат цената и природата не се загадува. Клучен фактор за обезбедување на најоптимално ниво на енергетска ефикасност е консултацијата со контролори за енергетска ефикасност кои даваат совети за тоа како еден објект може да биде најефикасен во поглед на потрошената енергија.
Традиционално, и оваа година СКОПСКИ САЕМ ги организира „Саемот на градежништво“ и саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО каде што секој може да ги разгледа модерните технологии со кои се гради еден објект. Истовремено, за секој што трага по совршен дом саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО ќе понуди одлична можност да се разгледаат понудите на станови и куќи кои ќе ги презентираат изложувачите.
Воедно, на саемот посетителите ќе ја имаат можноста да се запознаат со придобивките од енергетската ефикасност. Контролори од областа на енергетската ефикасност ќе ги запознаваат заинтересираните со начините како во Македонија најдобро да се постигне енергетската ефикасност и како може да се помогне во намалувањето на загадувањето и да се заштеди енергија. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво“ и Саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од Swisscontact и ПРЕДА Плус.
Саемските денови започнуваат на 28.02.2017 и ќе траат до 04.03.2017.Повеќе информации може да се проследат на официјалната страна на СКОПСКИ САЕМ: http://www.eragrupa.mk/index2.aspx
За повеќе информации за пристап до енергетските контролори може да ја посетите: https://issuu.com/idealab6/docs/preview_flaer_kako_do_energetski_ef