Дали се спрема уште еден наменски тендер за фирмите на Анѓушев?

Bez autora
Aug 27 2019

Разгледувајќи ги огласите за јавни набавки, пред извесен период редакцијата на здравство.мк дошла до увид на неколку документи во кои има намерни или наменски пропусти, како и до тендерска документација која се подготвува и е наменета за одредена наменска компанија што е недозволиво и се одговара кривично. Станува збор за јавната набавка со број на оглас 05706/2019 која е веќе тргната од бирото за јавни набавки, а во која Министерството за здравство се појавува како побарател и отвара предмет за набавка на болнички кревети и ТВ приемници. Иако е јавна набавката во неа не е наведено која е проценетата вредност, јавната набавка ја отвара Министерството за здравство, но истата ја бара во име на здравствените установи во Република Северна Македонија.

Дали се спрема уште еден наменски тендер за фирмите на Анѓушев?Разгледувајќи ги огласите за јавни набавки, пред извесен период редакцијата на здравство.мк дошла до увид на неколку документи во кои има намерни или наменски пропусти, како и до тендерска документација која се подготвува и е наменета за одредена наменска компанија што е недозволиво и се одговара кривично, пишува здравство.мк

Станува збор за јавната набавка со број на оглас 05706/2019 која е веќе тргната од бирото за јавни набавки, а во која Министерството за здравство се појавува како побарател и отвара предмет за набавка на болнички кревети и ТВ приемници.

Иако е јавна набавката во неа не е наведено која е проценетата вредност, јавната набавка ја отвара Министерството за здравство, но истата ја бара во име на ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Сомнежот дека станува збор за јавна набавка која се подготвува за одредена компанија се појавува поради фактот дека министерството во делот за правни, економски, финансиски и технички информации посочува дека НЕМА И НЕ САКА Гаранција на понудата.

Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот исто така не е приоритет за министерството за здравство во оваа јавна набавка бидејќи барањето е истото да биде само 5% и тоа ги задоволува критериумите на набавката како и на порачателот.

Освен тоа јавната набавка во делот со болничките кревети има побарување од 1368 парчиња со одредена спецификација која што според барањата посочува само кон една компанија во Македонија.

Дали продолжуваат тендерите доделувани во четири очи продолжени преку бирото за јавни набавки за компаниите на Анѓушев?

Дали незаконската печалба на Анѓушев од минатата година со Психијатриската Болница во Негорци продолжува и оваа година само во друга форма? Дали Филипче како колега од власта му „пушта“ тендер специјализиран и со спецификации на кои може само Брако на Анѓушев да одговори?, пишува здравство.мк

Целиот текст на здравство.мк

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik