Основата на ЦЕФТА-договорот е олеснување на процесите за пристапување на ЦЕФТА-земјите во ЕУ и успешно интегрирање и интензивирање на трговијата на пазарите со земјите од ЕУ, порача министерот за економија Дритон Кучи, на вчерашното одбележување на 10-годишнината од ЦЕФТА-договорот, со организирање на регионалниот настан „Република Македонија - 10 години од ЦЕФТА“. Тој посочи дека за седумте месеци од годинава е остварен пораст на извозот со земјите на ЦЕФТА за 5,4 отсто, во споредба со лани, како и на увозот од 2,9 отсто. Косово и Србија се земји кои припаѓаат на ЦЕФТА и се меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголема трговска размена.
„Основата на ЦЕФТА-договорот е олеснување на процесите за пристапување на ЦЕФТА-земјите во ЕУ и успешно интегрирање и интензивирање на трговијата на пазарите со земјите од ЕУ“, порача министерот за економија Дритон Кучи, на вчерашното одбележување на 10-годишнината од ЦЕФТА-договорот, со организирање на регионалниот настан „Република Македонија - 10 години од ЦЕФТА“.
Тој посочи дека за седумте месеци од годинава е остварен пораст на извозот со земјите на ЦЕФТА за 5,4 отсто, во споредба со лани, како и на увозот од 2,9 отсто. Косово и Србија се земји кои припаѓаат на ЦЕФТА и се меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголема трговска размена.
Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми изјави дека предностите кои произлегуваат од меѓусебната географска близина, како и инфраструктурните врски, компаративната економија...ја прават неопходна регионалната соработка за земјите од Западен Балкан, во нивните напори за евроинтеграција.
Според професорката Ирена Кикеркова, има недоразбирања и проблеми во сите интегративни процеси. „Во првите неколку години од функционирањето на ЦЕФТА- договорот Македонија имаше многу поволни резултати и интензитетот на размената на стоки со земјите од регионот значително порасна. Но, со кризата во ЕУ размената во регионот значително се намали и сега изнесува 11 отсто од вкупната трговска размена. За споредба, во 2008 година изнесуваше 28 проценти“, рече Кикеркова.