Десет компании за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште

Bez autora
Mar 31 2011

Од вкупно 16 пријавени компании, десет ја поминаа првата фаза за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Со ова успешно завршува првата фаза и се докажува дека има заинтересираност за изградба на хидроцентралите на Црна река и очекувам кон крајот на јули да заврши втората фаза за доставање на понуди. Шест компании и четири конзорциуми, кои ја поминаа првата фаза, треба до 29. јули да ги достават понудите. По изградбата на првата хидроцентрала Чебрен, со спојување на Тиквеш, ќе придонесеме овој потенцијал максимално да биде искористен. Новиот шести тендер што беше објавен кон крајот на јануари имаше измени со цел да биде поатрактивен за инвеститорите, беше намален финансискиот критериум на компаниите и отворена беше можноста проектот Чебрен и Галиште да се оддели доколку инвеститорот одлучи дека сака да ја гради хидроцентралата на Чебрен.

Десет компании за изградба на хидроцентралите Чебрен и ГалиштеОд вкупно 16 пријавени компании, десет ја поминаа првата фаза за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

„Со ова успешно завршува првата фаза и се докажува дека има заинтересираност за изградба на хидроцентралите на Црна река и очекувам кон крајот на јули да заврши втората фаза за доставање на понуди“, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Шест компании и четири конзорциуми, кои ја поминаа првата фаза, треба до 29. јули да ги достават понудите.

„По изградбата на првата хидроцентрала Чебрен, со спојување на Тиквеш, ќе придонесеме овој потенцијал максимално да биде искористен“, рече првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

Новиот шести тендер што беше објавен кон крајот на јануари имаше измени со цел да биде поатрактивен за инвеститорите, беше намален финансискиот критериум на компаниите и отворена беше можноста проектот Чебрен и Галиште да се оддели доколку инвеститорот одлучи дека сака да ја гради хидроцентралата на Чебрен.

Проектот останува по концептот на јавно-приватно партнерство со Електрани на Македонија.

За изградба на хидроцентралите веќе неколку години се бара инвеститор, а неговата вредност е проценета на над 700 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik