Од Прокредит банка, која прва почна да нуди вакви кредити, велат дека како специјализирана банка за мали и средни претпријатија нудат поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират кон странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи Инвестициите во иновативни проекти, со кои бизнисите ќе го обноват процесот на производство што ќе ја зголеми нивната конкурентност, а во иднина ќе влијае и на зголемување на целиот економски развој на земјата, се неопходни. Економските аналитичари и банкарите се согласуваат дека вложувањето во нови машини, нова опрема, на фирмите во иднина ќе им го олесни пристапот и ќе им отвори нови пазарни можности.
Од Прокредит банка, која прва почна да нуди вакви кредити, велат дека како специјализирана банка за мали и средни претпријатија нудат поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират кон странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи
Инвестициите во иновативни проекти, со кои бизнисите ќе го обноват процесот на производство што ќе ја зголеми нивната конкурентност, а во иднина ќе влијае и на зголемување на целиот економски развој на земјата, се неопходни. Економските аналитичари и банкарите се согласуваат дека вложувањето во нови машини, нова опрема, на фирмите во иднина ќе им го олесни пристапот и ќе им отвори нови пазарни можности.
Во услови на продолжена економска криза и проблеми со ликвидноста во стопанството, банките нудат кредитни производи со кои се поддржува иновативноста на стопанствениците. Прокредит банка веќе потпиша договор со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) преку кој до македонските компании ќе стасаат 10 милиони евра, пари наменети за финансирање иновативни проекти.
Фирми насочени кон странски пазари
Економистите се децидни дека во услови на зголемена конкуренција, развивањето успешен бизнис сега е предизвик за претприемачите. Се тврди дека подобрувањето на сопствената позиција на пазарот можно е да се постигне единствено со зголемување на производството и на асортиманот на производи, но и со обновување на опремата, инвестирање во нови машини.
Додека домашните стопанственици чекаат кредитна поддршка, некои од домашните банки веќе почнаа да нудат опции за финансирање иновативни проекти во производството. Од Прокредит банка, која прва почна да нуди вакви кредити, велат дека како специјализирана банка за мали и средни претпријатија нудат поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират кон странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи. Банката веќе потпиша договор со ЕИФ, со кои ќе се обезбедат 10 милиони евра само за македонскиот пазар.
„Модерната технологија, иновативното размислување и бизнис-дејствување, кое е насочено кон грижа за животната средина, се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Ние сме клучен партнер на бизнисите во ваквите инвестиции“, вели Стевче Кузмановски, директор на бизнис-секторот во Прокредит банка.
Кузмановски вели дека предност на кредитите за иновации е во олеснувањето во потребното обезбедување за кредитот. Компаниите што ги одложувале своите долгорочни проекти поради обезбедувањето, кое најчесто го бара банката при инвестиции на долг рок, сега ќе можат похрабро да влезат во вложувањата со помало обезбедување.
Проширување на капацитетите
И тој, но и економистите, се согласни дека пристапот до финансии за иновации на национално ниво ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај бизнисите и на тој начин ќе се зголеми конкурентноста на пазарот, што ќе има позитивно влијание врз домашниот економски развој. Модернизацијата и иновативните инвестиции ќе ги прошират капацитетите, а и ќе се искористи максимално потенцијалот за развој на бизнисот во Македонија.
„Да се развива успешен бизнис на пазар каде што конкуренцијата активно се бори за поголемо пазарно учество, претставува вистински предизвик за претприемачите. Лидерската позиција на пазарот во конкурентно време како денешното значи постојано вложување во бизнисот. Подобрување на бизнис-процесите, зголемување на асортиманот на производите, проширување на производството и обновувањето на опремата за работа директно влијаат врз резултатите и конкурентноста на компанијата“, велат од банката.
Договорот што го потпишаа ЕИФ и Прокредит е дел од „Хоризонт 2020“, рамковна програма за истражување и иновации на ЕУ.
Инаку, договорот ~ овозможува на целата Групација Прокредит, преку своите банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и во Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра.
Целта на таканаречената иновфин-гаранција за мали и средни претпријатија е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средните претпријатија, односно на фирмите со помалку од 500 вработени, на кои им е потребен фиксен или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ. Финансиските институции се избрани од страна на ЕИФ по повикот за интерес за финансиски посредници во Европа.
Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската инвестициска банка. Неговата централна мисија е да ги поддржи европските микро, мали и средни бизниси (МСП) со тоа што ќе им помогне во пристапот до финансии.
Подобар пристап до финансии
Иновфин-гаранцијата за мали и средни претпријатија обезбедува гаранции и контрагаранции за должничко финансирање меѓу 25.000 и 7,5 милиони евра, со цел подобрување на пристапот со финансирање за иновативни мали и средни претпријатија (со најмногу 499 вработени).
Иновгин-гаранцијата за МСП се спроведува од страна на Европскиот инвестициски фонд и ќе се одвива преку финансиски посредници (банки и други финансиски инвестиции) во земјите-членки и земјите-партнери на ЕУ.