Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити во износ од 10 милиони евра што се на располагање на општини, комунални претпријатија и приватни друштва коишто даваат општински услуги. Средствата од кредитот ќе се искористат за финансирање на изградба на нова и модернизација на основната општинска инфраструктура во помалите општини кои обично имаат ограничен капацитет за изготвување проекти за одржлива инфраструктура и се соочуваат со тешкотии за пристап до финансирање од комерцијалните банки.
Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити во износ од 10 милиони евра што се на располагање на општини, комунални претпријатија и приватни друштва коишто даваат општински услуги.
Средствата од кредитот ќе се искористат за финансирање на изградба на нова и модернизација на основната општинска инфраструктура во помалите општини кои обично имаат ограничен капацитет за изготвување проекти за одржлива инфраструктура и се соочуваат со тешкотии за пристап до финансирање од комерцијалните банки.
Фондот е прв инвестициски фонд на износ од 100 милиони евра, започнат од ЕБОР и КФВ со придонес од владите на Германија, Швајцарија и Австрија, со цел стимулирање на порастот на пазарот на кредитирање на општини и остварување долгорочна одржливост на општинските услуги во западнобалканските земји.