Девизните резерви во јануари се намалија за 56 милиони евра

Bez autora
Feb 09 2017

Се намалуваат девизните резерви на земјава од стартот на оваа година. За еден месец, односно во јануари, девизните резерви на Македонија биле пониски за 56,3 милиони евра во однос на крајот на минатата година, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија. Или конкретно, на крајот на првиот месец од годинава девизните резерви се симнале на ниво од 2,557 милијарди евра, наспроти 2,613 милијарди евра колку што изнесувале заклучно со минатата година. Од централната банка вчера ни објаснија дека девизните резерви се намалиле поради начинот на евиденција на склучените краткорочни репо/своп трансакции, потоа, поради исплатени обврски и камати на државата кон надворешни кредитори, како и поради одливите по достасани девизни депозити на домашните банки.

Девизните резерви во јануари се намалија за 56 милиони евраСе намалуваат девизните резерви на земјава од стартот на оваа година. За еден месец, односно во јануари, девизните резерви на Македонија биле пониски за 56,3 милиони евра во однос на крајот на минатата година, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија.

Или конкретно, на крајот на првиот месец од годинава девизните резерви се симнале на ниво од 2,557 милијарди евра, наспроти 2,613 милијарди евра колку што изнесувале заклучно со минатата година.

Од централната банка вчера ни објаснија дека девизните резерви се намалиле поради начинот на евиденција на склучените краткорочни репо/своп трансакции, потоа, поради исплатени обврски и камати на државата кон надворешни кредитори, како и поради одливите по достасани девизни депозити на домашните банки.

„Девизните резерви во јануари се намалија главно поради начинот на евиденција на склучените краткорочни (со рок на достасување од еден месец) репо/своп трансакции (30 милиони) за управување со девизните резерви. Според методологијата на ММФ, девизните средства коишто се опфатени со овие трансакции склучени на почетокот на јануари, привремено се исклучуваат од девизните резерви и имаат карактер на одливи. По достасување на трансакциите на почетокот на февруари, овие девизни средства се евидентираа како приливи во девизните резерви. Дополнително, намалувањето на девизните резерви беше поради исплатите на достасани обврски и камати по надворешен долг на државата (11 милиони), како и резултат на одливите по достасани девизни депозити на домашните деловни банки (12 милиони), во услови на прекинување на можноста за натамошни пласмани кај Народната банка“, ни објасни вчера гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, во писмен допис до нашиот медиум.

Инаку, земјава 2015 година ја завршила со ниво на државни девизи од 2,26 милијарди евра. Од почетокот на минатата година девизните резерви генерално се намалуваа, доаѓајќи во јуни до 2,16 милијарди евра. Но, потоа, откако во јули лани Владата ја зеде еврообврзницата на сума од 450 милиони евра, девизните резерви доживеаја значаен раст, достигнувајќи 2,59 милијарди евра. Потоа во наредните неколку месеци продолжија да растат, како резултат на поволните движења на девизниот пазар, искачувајќи се во октомври до 2,73 милиони евра. Но, во ноември се случи нов пад на девизните резерви, и тоа за 178 милиони евра. Од НБМ тогаш објавија дека тоа е последица на фактот што земјава исплатила долг кон меѓународните кредитори, што и било најавено од Министерството за финансии. Односно, тогаш беше исплатен кредит кон Дојче банк и Сити банк, на износ од 130 милиони евра.

И, потоа во декември повторно се случи раст, до ниво од 2,61 милијарди евра, но почетокот на годинава беше неповолен за девизната позиција на земјава, бидејќи тие паднаа за 56,3 милиони евра.

Инаку, во моментов, како и вообичаено, најголемиот дел од девизните резерви на земјава се чуваат во бонитетни хартии од вредност на странски држави, и во таа форма се чуваат 2,16 милијарди евра. Во валути и девизи НБМ држи 143 милиони евра, а во монетарно злато земјава располага со девизни резерви од 249 милиони евра.

Ако се погледнат движењата на девизните резерви по месеци, може да се забележи дека ако досега промените главно се случуваа кај хартиите од вредност, без разлика дали тие одеа по нагорна или надолна линија. Но, во јануари годинава се случиле промени и кај валутите и депозитите, кои се намалиле за 121 милион евра, и кај хартиите од вредност, кои пак се зголемиле за 58 милиони евра. Кај монетарното злато, пак, во јануари има пораст за околу 6 милиони евра.

Инаку, во однос на првиот квартал од минатата година се зголемени за 290,8 милиони евра кога изнесувале 2.266,3 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik