Девизните резерви и во јули бележат пад, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Односно, во седмиот месец од годинава тие се намалиле за 56,5 милиони евра во однос на јуни, достигнувајќи ниво од 2,198 милијарди евра. НБМ во својот последен извештај за најновите макроекономски показатели наведува дека девизните резерви бележат пад, како и дека тоа е главно последица на отплатите на надворешните обврски на земјава. Анализирајќи според факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата (редовно намирување на надворешните обврски од страна на државата) и нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Сепак, треба да се нагласи дека по продажбата на девизи во првата половина од јули, девизниот пазар беше стабилен, а веќе од крајот на јули НБРМ почна да интервенира со откуп на девизи.
Девизните резерви и во јули бележат пад, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Односно, во седмиот месец од годинава тие се намалиле за 56,5 милиони евра во однос на јуни, достигнувајќи ниво од 2,198 милијарди евра.
НБМ во својот последен извештај за најновите макроекономски показатели наведува дека девизните резерви бележат пад, како и дека тоа е главно последица на отплатите на надворешните обврски на земјава.
„Анализирајќи според факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата (редовно намирување на надворешните обврски од страна на државата) и нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Сепак, треба да се нагласи дека по продажбата на девизи во првата половина од јули, девизниот пазар беше стабилен, а веќе од крајот на јули НБРМ почна да интервенира со откуп на девизи.