Девизните резерви во септември 2,7 милијарди евра

Bez autora
Oct 12 2016

Се стабилизира состојбата на девизниот пазар во земјава. На крајот на третиот квартал од годинава, односно септември, девизните резерви достигнале ниво од близу 2,7 милијарди евра, или прецизно 2,699 милијарди, што во однос на претходниот месец е раст за 22,4 милиони евра. Од централната банка во наредните извештаи ќе објаснат на што се должи овој најнов пораст на девизните резерви. А, како што е познато, девизните резерви од почетокот на годинава беа значително пониски. Потоа, во април и во мај беа сериозно дополнително погодени со состојбите на менувачкиот пазар, кога голем број од граѓаните ги повлекуваа денарските депозити од банките и купуваа девизи во менувачниците и банките, што ја крена нивната цена.

Девизните резерви во септември 2,7 милијарди евраСе стабилизира состојбата на девизниот пазар во земјава. На крајот на третиот квартал од годинава, односно септември, девизните резерви достигнале ниво од близу 2,7 милијарди евра, или прецизно 2,699 милијарди, што во однос на претходниот месец е раст за 22,4 милиони евра. Од централната банка во наредните извештаи ќе објаснат на што се должи овој најнов пораст на девизните резерви.

А, како што е познато, девизните резерви од почетокот на годинава беа значително пониски. Потоа, во април и во мај беа сериозно дополнително погодени со состојбите на менувачкиот пазар, кога голем број од граѓаните ги повлекуваа денарските депозити од банките и купуваа девизи во менувачниците и банките, што ја крена нивната цена. Од тие причини Народна банка на Македонија беше принудена да интервенира на девизниот пазар, продавајќи девизи преку банките и менувачниците, со цел да се смири состојбата и да се врати довербата кај граѓаните, откако претходно неа ја нарушија шпекулациите што се појавија околу девизниот курс на денарот. Па така, девизните резерви на земјава во април се намалија за 72,4 милиони евра, додека, пак, во мај паднаа за дополнителни 29,5 милиони евра. Мало снижување имаше и во јуни, за околу 6 милиони евра.

И потоа, со издавањето на еврообврзницата, во седмиот месец девизните резерви достигнаа до 2,588 милијарди евра, или за еден месец беше регистриран раст од 430 милиони евра. Нивниот раст продолжи и во август, за 88,4 милиони евра, и достигнаа 2,677 милијарди евра, за потоа во септември да доживеат исто така помал раст, за 22,4 милиони евра, и дојдоа на ниво 2,699 милијарди евра.

Од НБМ последното објаснување околу девизните резерви се однесува заклучно со крајот на август. „На 31 август состојбата на бруто девизните резерви изнесуваше 2.676 милиони евра, што претставува пораст од 517,8

милиони евра во однос на вториот квартал. Зголемувањето на девизните резерви во најголем дел произлегува од трансакциите за сметка на државата, односно издадената еврообврзница, како и од девизните депозити на домашните банки кај НБМ, и интервенциите на НБМ на девизниот пазар“, се вели во последниот извештај на НБМ.

Во периодот јули - август годинава на девизниот пазар на банките е остварен нето-откуп од 41,9 милиони евра, што е раст од 71 милион евра, на годишна основа. Ваквата годишна промена се должи на зголемувањето на понудата на девизи за 13,1 отсто, во услови на речиси непроменета побарувачка. „Секторската анализа покажува дека ваквите остварувања во најголем дел произлегуваат од намалената нето-продажба кај фирмите, а потоа и од зголемениот нето-откуп кај менувачите во овој период“, се нагласува во извештајот од централната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik