Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавила директна авиолинија СкопјеДоха од октомври годинава, за што официјален допис авиокомпанијата доставила во среда до македонското Министерство за транспорт и врски. Министер во четврток, рече дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата, а тој очекува најавата да се реализира од октомври. Веќе од октомври очекувам да имаме директен лет Скопје Доха, рече Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања на пресконференција во Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Со летот на релација Скопје-Доха, како и новите авиолинии кон Братислава, Берлин, Копенхаген и Прага, наведе Мисајловски, Македонија ќе биде поврзана со 35 дестинации. Постојано се зголемуваат авиолиниите, што е особено важно за економијата и за туризмот, но ќе има уште.
Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавила директна авиолинија СкопјеДоха од октомври годинава, за што официјален допис авиокомпанијата доставила во среда до македонското Министерство за транспорт и врски.
Министер Владо Мисајловски, во четврток, рече дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата, а тој очекува најавата да се реализира од октомври.
„Веќе од октомври очекувам да имаме директен лет Скопје Доха“, рече Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања на пресконференција во Градежната комора при Сојузот на стопански комори.
Со летот на релација Скопје-Доха, како и новите авиолинии кон Братислава, Берлин, Копенхаген и Прага, наведе Мисајловски, Македонија ќе биде поврзана со 35 дестинации.
„Постојано се зголемуваат авиолиниите, што е особено важно за економијата и за туризмот, но ќе има уште. Има доста преговори со други држави, ќе продолжам да ги договорам овие работи, да ги стимулирам да дојдат во Македонија. Многу е важно што се задоволни сите, и концесионерот ТАВ, и „Виз ер“ и другите компании. Се зголемува бројот на патници и на туристи“, изјави Мисајловски.