Утре и официјално почнува со работа директната авионска линија Скопје - Рим. Линијата ќе ја обавува авиокомпанијата "Алиталија", и тоа секој ден од главниот римски аеродром "Фијумичино" до "Александар Велики" во Скопје. Ова е нов обид на Алиталија" директно да ги поврзе Скопје и Рим откако на 8 јануари 2008 година ги суспендираше летовите кон Македонија. Летовите ќе се одвиваат со авиони ембраер Е-175". Авионот од Рим ќе биде пречекан во 15 часот и 45 минути со воден мост. На присутните ќе им се обратат и првите патници ќе ги испратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели и регионалниот менаџер од "Алиталија", Марко Кваљирела.
Утре и официјално почнува со работа директната авионска линија Скопје - Рим. Линијата ќе ја обавува авиокомпанијата "Алиталија", и тоа секој ден од главниот римски аеродром "Фијумичино" до "Александар Велики" во Скопје.
Ова е нов обид на Алиталија" директно да ги поврзе Скопје и Рим откако на 8 јануари 2008 година ги суспендираше летовите кон Македонија.
Летовите ќе се одвиваат со авиони ембраер Е-175". Авионот од Рим ќе биде пречекан во 15 часот и 45 минути со воден мост. На присутните ќе им се обратат и првите патници ќе ги испратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели и регионалниот менаџер од "Алиталија", Марко Кваљирела.
Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање. Од 1 јуни од Скопје авионите на Алиталија" ќе полетуваат во 5 часот и 30 минути со пристигање на Фијумичино" во 7 часот и 20 минути (во понеделник, вторник, петок и во сабота), како и во 17 часот и 5 минути со пристигање во Рим во 18 часот и 55 минути (во вторник, среда и во сабота).
Летовите од Рим ќе бидат во 21 часот и 30 минути со пристигање во Скопје во 23 часот и 20 минути (во понеделник, четврток, петок и во недела) и во 14 часот и 35 минути со пристигање во Скопје во 16 часот и 25 минути (во вторник, среда и во сабота).
- Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталија" има цел да го зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на засилената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји - соопшти претставништвото на Алиталија" од Белград.
"Алиталија" го назначи "ВАС туроператор" од Скопје како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.