Дивидендите носат солидни приноси

Bez autora
Mar 29 2016

Само осум компании кои котираат на Македонската берза до сега најавија дека дел од добивката ќе ја поделат и за дивиденда. Во наредниот период се очекува тоа да го направат уште неколку фирми, кои традиционално исплаќаат дивиденда за своите акционери. Според брокерите, годинава не треба да се очекува некое поголемо изненадување, имајќи ги предвид финансиските извештаи за работењето на македонското стопанство минатата година. Сепак, како што велат, иако според бројот на исплати се релативно малку, дивидендите им носат солидни приноси на сопствениците на овие акции. Според нашите пресметки, приносот од акциите е поголем од кој било депозит орочен на три години во која било банка кај нас, вели директор на „Инвест брокер“.

Дивидендите носат солидни приносиСамо осум компании кои котираат на Македонската берза до сега најавија дека дел од добивката ќе ја поделат и за дивиденда. Во наредниот период се очекува тоа да го направат уште неколку фирми, кои традиционално исплаќаат дивиденда за своите акционери.

Според брокерите, годинава не треба да се очекува некое поголемо изненадување, имајќи ги предвид финансиските извештаи за работењето на македонското стопанство минатата година. Сепак, како што велат, иако според бројот на исплати се релативно малку, дивидендите им носат солидни приноси на сопствениците на овие акции.

„Според нашите пресметки, приносот од акциите е поголем од кој било депозит орочен на три години во која било банка кај нас“, вели Кирил Митровски, директор на „Инвест брокер“.

Тоа практично значи дека оние кои се одлучиле парите да ги инвестираат во некоја од акциите кои носат дивиденди, оствариле поголема добивка отколку кога парите би ги ставиле во банка.

Комерцијална банка вчера соопшти дека дивидендата за 2015 година ќе ја исплаќа почнувајќи од 19 април годинава. Право на исплата имаат сите акционери на банката кои се евидентирани во книгата на акции на 7 април оваа година. Како што претходно соопшти банката, нето-дивидендата ќе изнесува 112,5 денари за една акција, односно приносот е 4,9 отсто. Банката, инаку, исплаќа дивиденда по пауза од две години, што секако е добра вест за акционерите.

Сличен принос на дивидендите имаат и акциите на „Македонски телеком“, 4,6 отсто (односно 13 денари по акција), на „Македонија турист“ 5 отсто (односно 186 денари за акција) и на ТТК банка од 5,8 отсто (35 денари за акција).

И скопски „Алкалоид“ традиционално исплаќа дивиденда на своите акционери. Годинава, таа нето-дивиденда изнесува 207 денари за една акција, односно приносот е 3,9 отсто.

Најголем принос, според до сега објавените одлуки од акционерските собранија, носи акцијата на „Факом“, дури 31,3 отсто, односно 2.242 денари за една акција. Станува збор за распределба на дивидендата за 2007 и 2008 година.

Брокерите велат дека не е невообичаено компаниите кои остваруваат добивка, дел да чуваат во резерви или како нераспределена добивка, која може да се исплати како вид на дивиденда. Во„Факом“, инаку, според сопственичката структура, најголемиот дел од капиталот, околу 97 отсто е во рацете на еден сопственик, кој го има и одлучувачкото влијание врз донесувањето на одлуките.

Солидни дивиденди ќе добијат и акционерите на „Реплек“ од 2.468 денари за акција, што обезбедува принос од 6,5 отсто на вложените средства. Годинава, и „Тетекс“ е една од компаниите која реши дел од добивката да им ја подели на акционерите, секој од нив ќе добие по 90 денари за акција, или приносот е 11,55 отсто.

Брокерите очекуваат уште неколку компании да се произнесат на своите акционерски собранија околу поделба на добивката. Тоа, како што вели Митровски, пред се' се однесува на некои од градежните компании, како на пример „Гранит“ и „Бетон“, а во овие очекувања е и НЛБ Тутунска банка.

Инаку, досегашното искуство од тргувањето на берзата покажува дека дивидендите се значаен стимул за тргување со акциите. Вообичаено, пред исплата на дивидендата се зголемува прометот со овие акции, но и нивната цена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik