До јуни бесплатно приклучување на парно греење

Bez autora
May 07 2019

До 30 јуни 2019 година „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ нуди повторно можност за бесплатно приклучување. Од компанијата велат дека нивната цел е да им овозможат на што поголем број исклучени потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење. Информираат дека акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот прв пријавен, прв услужен, а ќе важи за сите заинтересирани потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што побргу, а најдоцна до 30 јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на ‘Снабдување со топлина – Балкан енерџи’.

До јуни бесплатно приклучување на парно греењеДо 30 јуни 2019 година „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ нуди повторно можност за бесплатно приклучување. Од компанијата велат дека нивната цел е да им овозможат на што поголем број исклучени потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење.

Информираат дека акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот прв пријавен, прв услужен, а ќе важи за сите заинтересирани потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.

„За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што побргу, а најдоцна до 30 јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на ‘Снабдување со топлина – Балкан енерџи’. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200“, велат од „Балкан енерџи“.

Поволностите од оваа акција важат само во објектите што се приклучени на централниот систем за греење и каде што има техничка можност за приклучување на потрошувачите.

Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува во согласност со ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1 јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост во согласност со важечкиот ценовник.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik