До крај на оваа година ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица

Bez autora
May 28 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изврши увид во изградбата на пругата Битола-Кременица и најави дека изградбата на истата ќе заврши до крајот на годината. Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија. Министерот Сугарески потенцираше дека ова е најзначајниот проект во Пелагонискиот Регион бидејќи по триесет и две години овој регион железнички повторно ќе се поврзе со Грција. Изградбата на пругата е стратешки проект на Владата, кој според министерот Сугарески ,економски ќе го зајакне Пелагонскиот Регион.

До крај на оваа година ќе заврши изградбата на пругата Битола-КременицаМинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изврши увид во изградбата на пругата Битола-Кременица и најави дека изградбата на истата ќе заврши до крајот на годината.

Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Министерот Сугарески потенцираше дека ова е најзначајниот проект во Пелагонискиот Регион бидејќи по триесет и две години овој регион железнички повторно ќе се поврзе со Грција. Изградбата на пругата е стратешки проект на Владата, кој според министерот Сугарески ,економски ќе го зајакне Пелагонскиот Регион.

„Поради стратешката позиција и огромната потреба Пелагонија повторно железнички да се поврзе со Грција, минатата година во номеври потпишавме нов договор со друга компанија. Како што можеме да забележиме, тие интензивно работат на терен и очекувам до крајот на ноември оваа година да имаме функционална пруга кон Грција“.

Со изградба на пругата, како што рече Сугрески, ќе се обезбеди брз пристап со железница од Пелагонискот Регион до солунското пристаниште, а понатаму ќе се поврземе и со Коридор 4 сè до Турција.

„Ова е многу значајно ако се има предвид дека близу до нас се наоѓа и индустриската зона Жабени со што ќе овозможиме брз и поевтин транспорт на стоките и услугите за компаниите не само во зоната туку и сите останати во Пелагонскиот Регион. Пругата е од огромно значење бидејќи со нејзината изградба дополнително  економски ќе го зајакнеме овој регион“, нагласи Сугарески.

Покрај изградбата на оваа пруга, Сугарески рече дека Владата е фокусирана и на изградба на пругата кон Бугарија, а интензивно преговараат за обезбедување финансиски средства и за изградба на пругата кон Албанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik