Добар крај на ланската, лош економски почеток годинава

Bez autora
Mar 12 2017

Се' поголем е данокот што го зема политичката криза. Иако минатата година заврши со позитивни резултати, почетокот на 2017 година станува многу понеизвесен на економски план, коментираат бизнисмените. Тие во изминатите месеци во низа наврати посочија и предупредија дека политичката нестабилност влијае негативно врз работењето на компаниите и дека колку повеќе се одолжува и продлабочува кризата, толку ќе биде полошо за бизнис-секторот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на пораст на бруто-домашниот производ, БДП, за минатата година изнесува 2,4 отсто. Најголем пораст бил забележан во секторите : градежништво, од дури 28,5 отсто, а потоа и во стручните, научните и техничките, административните и помошните дејности од 9,8 отсто, и на земјоделството, шумарството и рибарството растот изнесувал 1,8 отсто.

Добар крај на ланската, лош економски почеток годинаваСе' поголем е данокот што го зема политичката криза. Иако минатата година заврши со позитивни резултати, почетокот на 2017 година станува многу понеизвесен на економски план, коментираат бизнисмените. Тие во изминатите месеци во низа наврати посочија и предупредија дека политичката нестабилност влијае негативно врз работењето на компаниите и дека колку повеќе се одолжува и продлабочува кризата, толку ќе биде полошо за бизнис-секторот.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на пораст на бруто-домашниот производ, БДП, за минатата година изнесува 2,4 отсто. Најголем пораст бил забележан во секторите : градежништво, од дури 28,5 отсто, а потоа и во стручните, научните и техничките, административните и помошните дејности од 9,8 отсто, и на земјоделството, шумарството и рибарството растот изнесувал 1,8 отсто.

Со подобри резултати заврши ланската година и во однос на невработеноста, која падна на 23,1 отсто во четвртиот квартал од 2016 година. Тоа е помалку за 1,5 отсто, во споредба со истиот периодот од 2015 година.

И кај странските инвестиции има добри показатели. Минатата година вкупниот прилив на странски директни инвестиции, СДИ, достигнал 358,4 милиони евра. Како што објави Народната банка на Македонија, НБРМ, во споредба со 2015 година странските инвестиции лани биле поголеми за 141,7 милиони евра.

Но, во јануари годинава прв показател дека економијата оди надолу е падот на индустриското производство. Според последните статистички податоци, индустријата падна за 2,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, после повеќемесечен раст забележан во минатата година.

„Падот на индустриското производство во јануари е делумно резултат на политичката криза, а делумно на сезонските состојби во компаниите. Што се однесува до бројките за растот на БДП, тие не се одраз на вкупната економска слика. Тоа е скромен резултат и најмногу се должи на градежната дејност, односно на изградбата на инфраструктурните проекти со странски кредити. Во економијата треба да се оствари ниво на раст од 7 или 8 проценти за да се доближиме до развиените земји“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија. Тој додава дека е рано сега да се даде оценка какви ќе бидат економските состојби во наредните месеци.

„Идните состојби на економски план најмногу ќе зависат од политичката ситуација во земјава, но исто така и од стабилноста на економиите во европските држави каде македонските компании имаат традиционални партнери“, вели Димитров.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik