Долги рокови за пензиските друштва

Bez autora
Aug 26 2015

Владата вчера се задолжи на домашниот пазар на подолги рокови, од 10 и 15 години, а од Министерството за финансии објаснуваат дека овие подолгорочни хартии од вредност тие главно ги издаваат по барање на пензиските друштва. Владата позајми 4,4 милиони евра, а веќе денес на кредиторите треба да им врати 9,8 милиони евра. Државата се задолжи преку државни обврзници со рок на достасување од 10 и 15 години, со каматни стапки од 3,5 отсто, 3,8 отсто и 4 проценти. Од Министерството за финансии вчера објаснија дека во последно време издаваат подолгорочни хартии од вредност, односно пет, десет и петнаесетгодишни обврзници, примарно по барање на пензиските друштва, кои вложуваат во државни хартии од вредност, како најсигурни инструменти на пазарот на капитал, односно за поголема сигурност на пензиските влогови. Пензиските друштва имаат големи суми слободни средства, кои задолжително треба да ги инвестираат во безбедни и сигурни инструменти, какви што се, всушност, државните хартии од вредност.

Владата вчера се задолжи на домашниот пазар на подолги рокови, од 10 и 15 години, а од Министерството за финансии објаснуваат дека овие подолгорочни хартии од вредност тие главно ги издаваат по барање на пензиските друштва. Владата позајми 4,4 милиони евра, а веќе денес на кредиторите треба да им врати 9,8 милиони евра.

Државата се задолжи преку државни обврзници со рок на достасување од 10 и 15 години, со каматни стапки од 3,5 отсто, 3,8 отсто и 4 проценти.

Од Министерството за финансии вчера објаснија дека во последно време издаваат подолгорочни хартии од вредност, односно пет, десет и петнаесетгодишни обврзници, примарно по барање на пензиските друштва, кои вложуваат во државни хартии од вредност, како најсигурни инструменти на пазарот на капитал, односно за поголема сигурност на пензиските влогови. Пензиските друштва имаат големи суми слободни средства, кои задолжително треба да ги инвестираат во безбедни и сигурни инструменти, какви што се, всушност, државните хартии од вредност.

Инаку, краткорочните државни записи главно ги купуваат банките и за нив е одредена пониска каматна стапка, додека, пак, за долгорочните обврзници се заинтересирани пензиските друштва и осигурителните куќи и за нив се плаќа повисока камата.

Вкупниот внатрешен долг на државава изнесува околу 1,2 милијарди евра, а околу една третина од оваа сума отпаѓа на државни обврзници со рок на достасување од пет, десет и петнаесет години.

Од Министерството за финансии вчера соопштија дека во стопанството неделава ќе се слеат 365 милиони денари или 6 милиони евра свежи средства, по основ на отплата на достасани државни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии. Односно, од овој ресор информираат дека по основ на досега издадени хартии од вредност, Министерството за финансии ќе исплати 600 милиони денари или 9,8 милиони евра, а на вчерашната аукција најави дека ќе презапише само 235 милиони денари или 3,8 милиони евра од тие средства. „Остатокот од средствата, или 6 милиони евра кои нема да се презапишат, остануваат за пласирање од страна на банките во стопанството во вид на кредити и на тој начин подобрување на ликвидноста на стопанството“, велат од Министерството за финансии. Односно, фактот што задолжувањето е помало од раздолжувањето, всушност, би значел дека домашните банки ќе имаат помалку „врзани“ средства во државните хартии од вредност, па нив би можеле да ги искористат за кредитирање на компаниите во земјава.

Министерството ги објави и податоците за полнењето и празнењето на буџетот во јули годинава. Бројките покажуваат значително зголемени приходи, но и расходи. Или, во јули државата вкупно прибрала приходи од 235 милиони евра, а потрошила 261 милион евра. Буџетскиот дефицит е 25,7 милиони евра. Од даноците најзначаен раст има остварено ДДВ и од него во јули вкупно се собрале над 76 милиони евра. Данокот на добивка донел пониски приходи од претходниот месец, додека кај приходите од акцизата има извесно зголемување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik