Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денес, на прес-конференција, ги презентира најновите податоци соопштени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на домашниот бруто-производ и на намалување на невработеноста. Тој потенцира дека во вториот квартал на 2019 година продолжи растот на домашниот бруто-производ, пред сè, како резултат на развојот на реалната економија и без интервенции на државата. Растот на домашниот бруто-производ во вториот квартал на 2019 година е уште на високи 3,1 отсто, што практично и се очекувани и заедно со растот од првиот квартал од 4,1 отсто тоа е просечно раст од 3,6 отсто во првата половина на годината, што е над предвидувањата и во буџетот кој на почетокот беше детерминиран на 3,2 отсто, а потоа со ребалансот е коригиран на годишен раст од 3,5 отсто, нагласи вицепремиерот Анѓушев.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денес, на прес-конференција, ги презентира најновите податоци соопштени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на домашниот бруто-производ и на намалување на невработеноста.
Тој потенцира дека во вториот квартал на 2019 година продолжи растот на домашниот бруто-производ, пред сè, како резултат на развојот на реалната економија и без интервенции на државата.
„Растот на домашниот бруто-производ во вториот квартал на 2019 година е уште на високи 3,1 отсто, што практично и се очекувани и заедно со растот од првиот квартал од 4,1 отсто тоа е просечно раст од 3,6 отсто во првата половина на годината, што е над предвидувањата и во буџетот кој на почетокот беше детерминиран на 3,2 отсто, а потоа со ребалансот е коригиран на годишен раст од 3,5 отсто“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.
Осврнувајќи се на состојбите на пазарот на трудот, Анѓушев потенцира дека ДЗС забележа нова рекодно ниска стапка на невработеност од 17,5 отсто.
„Сакам само да потсетам дека невработеноста во вториот квартал на 2017 година беше 22,6 отсто, или ако сакаме во апсолутни бројки да кажеме, во тој период од 2 години се вработени 54.391 лице. Од тие, само во вториот квартал на 2019 година вработени се 4.869 лица и оттука е падот од 17,8 на 17,5 отсто“, појасни Анѓушев.
Индустријата, земјоделството, градежиштвото и трговијата се главните столбови на домашниот бруто-производ и сите бележат раст во вториот квартал на 2019 година, рече Анѓушев на прес-конференцијата.
„Индустриското производство исто така е пораснато. Ако земеме само за јули, во споредба со истиот месец 2018 година, тоа е пораснато 5,8 отсто, или ако земеме кумулативно за период од јануари до јули месец 2019 година, во споредба со истиот период лани бележиме раст од 4,9 отсто. Главните генератори на растот на економијата во нашата држава сè уште се индустријата, градежништвото, земјоделството и како резултат на овие гранки и трговијата. Јасно е дека стандардот се зголемува со оглед на покачувањето на нето-платите за ефективни 10 отсто во последните две години, со тоа се зголемува јавната потрошувачка, а воедно се зголемуваат бруто-инвестициите“, заврши вицепремиерот Анѓушев.