Достапни податоци за поголема буџетска транспарентност

Bez autora
Sep 15 2016

„Каде одат моите пари“ е новата платформа која вчера ја промовираше Центарот за граѓански комуникации, а која на граѓаните многу прецизно ќе им покаже во текот на секој ден, по колку средства од нивната плата одат за давачки кон државата. На вчерашната конференција за отвореност на податоците во земјите од регионот, Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации објасни дека новата платформа треба да ја зголеми информираноста за начинот на кој се трошат парите на граѓаните во Македонија. Целта е да им кажеме на граѓаните дека со нивните пари се финансира и здравството, полицијата, се градат индустриските зони и се доделуваат субвенции. Нудиме можност секој граѓанин да ја внесе својата нето-плата и да види колку дневно го чинат функциите на централната власт, пресметувајќи го персоналниот данок, придонесите и ДДВ, водено според онаа стапка на просечната потрошувачка, изјави Факиќ.

Достапни податоци за поголема буџетска транспарентност„Каде одат моите пари“ е новата платформа која вчера ја промовираше Центарот за граѓански комуникации, а која на граѓаните многу прецизно ќе им покаже во текот на секој ден, по колку средства од нивната плата одат за давачки кон државата.

На вчерашната конференција за отвореност на податоците во земјите од регионот, Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации објасни дека новата платформа треба да ја зголеми информираноста за начинот на кој се трошат парите на граѓаните во Македонија. „Целта е да им кажеме на граѓаните дека со нивните пари се финансира и здравството, полицијата, се градат индустриските зони и се доделуваат субвенции. Нудиме можност секој граѓанин да ја внесе својата нето-плата и да види колку дневно го чинат функциите на централната власт, пресметувајќи го персоналниот данок, придонесите и ДДВ, водено според онаа стапка на просечната потрошувачка“, изјави Факиќ.

Според неа, на плата од 22 илјади денари, дневно функциите на централната власт граѓанинот го чинат 421 денар. Таа порачува дека граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и оти на среден рок владите ќе бидат принудени да даваат повеќе информации, бидејќи на тој начин може да се зборува за здраво и демократско општество.

Според учесниците во Албанија, постои софтвер во кој на дневна основа може да се видат плаќањата што се прават од буџетот. Во Бугарија има отворени податоци и во последната година е направен прогрес, иако има уште многу работи да се направат. Во Македонија, според претставниците од невладиниот сектор, законодавството дава основа за транспарентност, но треба подобра примена на законските регулативи и да се даде поголем отчет за трошењето на парите.

Емина Нурединовска, раководител од Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој е организатор на конференцијата, истакна дека со неа сакаат да свртат внимание на позитивните искуства од регионот и да укажат дека има потреба од поголема отвореност и достапност на податоците поврзани со трошењето на јавните средства. Таа потенцира дека Министерството за финансии пред една година ги отвори податоците за буџетот, но информациите се на општо ниво.

Дритон Фино од Министерството за финансии на Албанија потенцира дека буџетската транспарентност е првиот чекор кон демократизација на буџетскиот процес и давањето можност граѓаните да учествуваат во процесот на формулација и алокација на ресурси. Владата во Албанија направила достапни за јавноста седум од клучните осум буџетски документи, но постојат уште предизвици.

Лачезар Богданов од Бугарија потенцира дека предизвик било да направат Владата активно да ги објавува своите податоци, наместо пасивно, и да чекаат граѓаните да пишат писмо на кое ќе одговорат. „Имаме отворени податоци од страна на Владата во однос на сите договори за јавни набавки. Имаме и регистар на сите земјоделски субвенции, вклучувајќи ги сите поединечни фармери кои ги добиваат субвенциите и дневни исплати што ги прави Владата. Во последната година и пол направивме добар прогрес, но има уште многу работи да се направат“, рече Богданов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik