За 15-годишна обврзница, едногодишни и шестмесечни државни записи, Министерството за финансии очекува денеска од домашните банки и осигурителни компании да собере 21 милион евра, или околу една милијарда и 300 милиони денари. Во календарот за домашни задолжувања на Министерството за финансии, за третиот и четвртиот квартал, пишува дека веќе утре следува раздолжување, но за сума многу помала од онаа за која денеска се задолжува Министерството, или околу 7,8 милиони евра.
За 15-годишна обврзница, едногодишни и шестмесечни државни записи, Министерството за финансии очекува денеска од домашните банки и осигурителни компании да собере 21 милион евра, или околу една милијарда и 300 милиони денари.
Во календарот за домашни задолжувања на Министерството за финансии, за третиот и четвртиот квартал, пишува дека веќе утре следува раздолжување, но за сума многу помала од онаа за која денеска се задолжува Министерството, или околу 7,8 милиони евра.
Од она што може да се забележи по бројот на аукции е дека новата власт го скратила бројот на домашни задолжувања. Месечно се предвидени во просек по два заеми. До крајот на месецот е предвидено уште едно задолжување на 18 јуни, а до крајот на годината уште вкупно 11 заеми за различни износи.