Прилепските земјоделци до 10 април имаат можност повторно да земат државно обработливо земјиште под долгогодишен закуп. Од преку 4.000 хектари со последниот јавен оглас им се нудат 1320 хектари за различни насади. Секој регистриран земјоделец има можност да закупи најмногу 10 хектари државно земјиште. Закупот може да трае 30 години доколку е за подигање лозови насади, овоштарници или оранжерии што е новина во Законот за земјоделско земјиште или за рурален туризам. За рибници закупот е до 20 години, а за другите земјоделски култури површините може да се земат до најмногу 15 години. Цената зависи од категоријата на земјиштето. Почетна од 25 евра е за земјиште до четврта класа, а од петта до осма класа е 15 евра. Пониски, од пет до 15 евра, се цените во ридско-планинските подрачја.
Прилепските земјоделци до 10 април имаат можност повторно да земат државно обработливо земјиште под долгогодишен закуп.
Од преку 4.000 хектари со последниот јавен оглас им се нудат 1320 хектари за различни насади.
Секој регистриран земјоделец има можност да закупи најмногу 10 хектари државно земјиште. Закупот може да трае 30 години доколку е за подигање лозови насади, овоштарници или оранжерии што е новина во Законот за земјоделско земјиште или за рурален туризам. За рибници закупот е до 20 години, а за другите земјоделски култури површините може да се земат до најмногу 15 години.
Цената зависи од категоријата на земјиштето. Почетна од 25 евра е за земјиште до четврта класа, а од петта до осма класа е 15 евра. Пониски, од пет до 15 евра, се цените во ридско-планинските подрачја.