Во рамки на регионалната иницијатива ЦЕСЕК, Македонија предложи свои два проекта за гасно енергетско поврзување со земјите од Централна и од Југоисточна Европа. За таа цел денеска во Дубровник е потпишан Меморандум за разбирање за заеднички пристап за решавање на диверзификацијата на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување. Македонските проекти, поради својата специфична географска близина, се опфатени во ЦЕСЕК, како заеднички проект. И тоа Македонија како интерконектор со Бугарија и со Грција, појасни на вчерашната прес-конференција, министерот за економија Беким Незири. Тој потсети дека Македонија моментно користи природен гас преку единствената врска со Бугарија, кај Крива Паланка и дека со оваа иницијатива во која се вклучи Македонија, се овозможува регионално поврзување со соседите и во користење на природен гас од различни извори, како што се Азербејџан, Романија и ЛНГ терминалите во Грција.
Во рамки на регионалната иницијатива ЦЕСЕК, Македонија предложи свои два проекта за гасно енергетско поврзување со земјите од Централна и од Југоисточна Европа. За таа цел денеска во Дубровник е потпишан Меморандум за разбирање за заеднички пристап за решавање на диверзификацијата на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување.
„Македонските проекти, поради својата специфична географска близина, се опфатени во ЦЕСЕК, како заеднички проект. И тоа Македонија како интерконектор со Бугарија и со Грција“, појасни на вчерашната прес-конференција, министерот за економија Беким Незири.
Тој потсети дека Македонија моментно користи природен гас преку единствената врска со Бугарија, кај Крива Паланка и дека со оваа иницијатива во која се вклучи Македонија, се овозможува регионално поврзување со соседите и во користење на природен гас од различни извори, како што се Азербејџан, Романија и ЛНГ терминалите во Грција. „Со тоа ќе се зголеми конкурентноста на македонската економија преку обезбедување поевтин енергенс за граѓаните и за компаниите“, рече Незири. Тој додаде дека паралелно со овој проект е и проектот од десетгодишниот план за развој на гасификацијата кој е веќе прифатен од ЕК и со кој се предвидува гасоводно поврзување на Македонија и Албанија.
„Ги следиме иницијативите на глобално и на регионално ниво и наша определба е да обезбедиме диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, со цел да постигнеме енергетска сигурност, можност за нови инвестиции и снабдување на сите потрошувачи“, изјави вчера министерот Незири.
Врз основа на Меморандумот, ќе следат активности од Европската комисија и на меѓународните финансиски институции за обезбедување можности за техничка поддршка и наменски решенија за финансирање на земјите-членки и на договорните страни на Енергетската заедница, вклучувајќи ја и Македонија.