Две австриски компании сакаат да инвестираат во Македонија

Bez autora
Jun 01 2016

Две австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален центар за услуги. Според Герхард Шлатл од Трговското одделение на австриската амбасада во Скопје, се' уште е рано да се соопштат детали околу инвестициите, но извесно е дека компаниите нема да вложат во слободните економски зони. И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и изнаоѓање деловни партнери тука.

Две австриски компании сакаат да инвестираат во МакедонијаДве австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален центар за услуги.

Според Герхард Шлатл од Трговското одделение на австриската амбасада во Скопје, се' уште е рано да се соопштат детали околу инвестициите, но извесно е дека компаниите нема да вложат во слободните економски зони.

„И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и изнаоѓање деловни партнери тука. Доказ за тоа е претстојниот бизнис-форум што ќе се одржи идната недела во Скопје, на кој доаѓа досега најбројна австриска деловна делегација, составена од претставници на девет фирми“, рече Шлатл на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според Комората, австриско-македонската трговска соработка бележи благ пад со оглед на негативниот биланс од 17 милиони долари во првите три месеци од годинава. Австрија, од 14. трговски партнер на Македонија лани, сега е на 16. место.

„Токму организирањето директни бизнис-средби меѓу македонските и австриските потенцијални деловни партнери е во насока на подобрување на соработката. Прехранбената индустрија, животната средина, инфраструктурата, земјоделството, текстилната, автомобилската индустрија и туризмот се само некои од секторите кои имаат голем потенцијал за интензивирање на соработката“, нагласи Јадранка Аризанковска од Стопанската комора.

Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Австрија во првите три месеци од 2016 година е 39,86 милиони долари што претставува раст од 10 отсто споредено со истиот период во 2015.

Извозот е 11 милиони долари или 51 отсто повеќе, додека увозното салдо изнесува 28 милиони долари што е намалување за 0,6 проценти.

Македонските компании во Австрија најмногу извезуваат текстил и производи од металната индустрија, а увезуваат месо и други прехранбени производи, како и производи од фармацевтската индустрија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik