Две нови инвестиции до крајот на годината

Bez autora
Dec 08 2015

До крајот на декември во земјава треба да дојдат уште две нови странски инвестиции. Како што најави вчера премиерот Никола Груевски, со овие инвестиции се очекува да се отворат најмалку 500 работни места. „’Кап-кон’ ќе ја отвори наскоро својата фабрика. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Втората фабрика е на италијанската ’Технокозе’, која ќе биде четири пати поголема од првата. Овие две фабрики ќе вработат најмалку 500 лица“, изјави премиерот Груевски. Тој нагласи дека во текот на овој месец е можно да се официјализира и влез на уште една глобална американска компанија која дополнително би вработила уште 500 лица.

Две нови инвестиции до крајот на годинатаДо крајот на декември во земјава треба да дојдат уште две нови странски инвестиции. Како што најави вчера премиерот Никола Груевски, со овие инвестиции се очекува да се отворат најмалку 500 работни места.

„’Кап-кон’ ќе ја отвори наскоро својата фабрика. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Втората фабрика е на италијанската ’Технокозе’, која ќе биде четири пати поголема од првата. Овие две фабрики ќе вработат најмалку 500 лица“, изјави премиерот Груевски. Тој нагласи дека во текот на овој месец е можно да се официјализира и влез на уште една глобална американска компанија која дополнително би вработила уште 500 лица.

Тој се осврна и на трите инвестиции што беа официјализирани последнава недела и тоа на „Монтанте груп“ и на „Гентерм“ која веќе го постави камен-темелникот и ја изведува градбата на новата фабрика во Прилеп. Планирано е во неа да се вработат околу 2.000 луѓе и да се произведуваат грејачи за автомобили. Третата инвестиција е фабриката за ориз во Кочани на турската „Левидиагро“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik