Ќе се градат нови далноводи вредни 25 милиони евра

Bez autora
Apr 13 2011

Македонскиот преносен систем оператор - МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка, односно Меѓународна банка за обнова и развој со што ќе добие 14 милиони евра наменети за нови инвестиции во преносната мрежа. Со новиот кредит компанијата планира целосно да ја затвори финансиската конструкција за изградба на нов 400-киловолтен далновод ТС Штип - со што ќе се поврзат Македонија и Србија, како и за ревитализација на 110 кв далновод ТС Скопје 1, ТС Југохром и ТС Тетово1. Финансиската конструкција на двата проекта изнесува вкупно над 25 милиони евра. Од тоа сопствено учество на МЕПСО е над 11 милиони евра, а кредитна поддршка од Светска банка се 14 милиони евра - велат од МЕПСО. Тие објаснуваат дека новиот 400 кв далновод на наша територија ќе се протега на траса долга 70 километри на која ќе бидат изградени 168 далноводни челично-решеткасти столбови.

Ќе се градат нови далноводи вредни 25 милиони евраМакедонскиот преносен систем оператор - МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка, односно Меѓународна банка за обнова и развој со што ќе добие 14 милиони евра наменети за нови инвестиции во преносната мрежа.

Со новиот кредит компанијата планира целосно да ја затвори финансиската конструкција за изградба на нов 400-киловолтен далновод ТС Штип - со што ќе се поврзат Македонија и Србија, како и за ревитализација на 110 кв далновод ТС Скопје 1, ТС Југохром и ТС Тетово1.

- Финансиската конструкција на двата проекта изнесува вкупно над 25 милиони евра. Од тоа сопствено учество на МЕПСО е над 11 милиони евра, а кредитна поддршка од Светска банка се 14 милиони евра - велат од МЕПСО. Тие објаснуваат дека новиот 400 кв далновод на наша територија ќе се протега на траса долга 70 километри на која ќе бидат изградени 168 далноводни челично-решеткасти столбови.

Овој далновод ќе биде директно поврзување со преносната електроенергетска мрежа на Србија што значајно ќе ја зголеми доверливоста во работата на електроенергетскиот систем и ќе го зголеми капацитетот на македонската преносна мрежа. МЕПСО и ЕМС (српскиот електропреносен систем оператор) наскоро ќе склучат договор за координација на активностите за поврзување на далноводите на граничната точка меѓу двете земји.

Со ревитализацијата на 110 кв далновод ТС Скопје 1, ТС Југохром и ТС Тетово 1 ќе се подобрат состојбите со снабдување со електрична енергија на полошкиот регион. -Овој далновод чија ревитализација опфаќа 177 челично-решеткасти столбови на траса од 48,3 километри ќе ја подобри и доверливоста на преносната мрежа во делот на поврзување меѓу Скопје и Тетово. Во рамки на овој проект предвидено е поврзување на трафостаниците Скопје1 со Југохром, Теарце и Тетово1, со што ќе се сведат на минимум сите несакани ризици од испади на преносната мрежа, тврдат од МЕПСО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik