Ќе се гради автопатот Гостивар - Кичево

Bez autora
Dec 02 2015

Гостивар - Неколкудецениската иницијатива за изградба на автопатско решение на патниот правец Гостивар - Кичево, конечно, ќе се реализира. Идната година ќе започне изградбата на автопатот во должина од 45 километри. Ова денеска на прес-конференција го соопшти градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. Тој рече дека за тоа го информирал министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рекол дека Европската банка за развој ~ одобрила на Македонија поволен кредит од 400 милиони евра. На прес-конференцијата присуствуваше и кинеска делегација предводена од амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун. Тој истакна дека кинеската компанија „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево - Охрид е заинтересирана да ја гради и оваа делница. Понудата на кинескиот амбасадор, Гостивар да се збратими со град од Кина беше прифатена со задоволство.

Ќе се гради автопатот Гостивар - КичевоГостивар - Неколкудецениската иницијатива за изградба на автопатско решение на патниот правец Гостивар - Кичево, конечно, ќе се реализира. Идната година ќе започне изградбата на автопатот во должина од 45 километри.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. Тој рече дека за тоа го информирал министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рекол дека Европската банка за развој ~ одобрила на Македонија поволен кредит од 400 милиони евра.

На прес-конференцијата присуствуваше и кинеска делегација предводена од амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун. Тој истакна дека кинеската компанија „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево - Охрид е заинтересирана да ја гради и оваа делница.

Понудата на кинескиот амбасадор, Гостивар да се збратими со град од Кина беше прифатена со задоволство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik