Ќе се гради експресен пат од Штип до Радовиш

Bez autora
Nov 08 2017

Потпишавме договор за изградба на експресен пат од Штип до Радовиш во должина од 23,5 километри, соопштија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, на заедничка прес-конференција. Според договорот, изградбата ќе се врши на комплетна нова траса, и тоа од местото Софилари пред Штип, па сè до Бучим. Вредноста на инвестицијата е 1 милијарда 734 милиони денари, односно околу 28 милиони евра. Според проектната документација, патот ќе има две ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување со широчина од 2 метра.

Ќе се гради експресен пат од Штип до РадовишПотпишавме договор за изградба на експресен пат од Штип до Радовиш во должина од 23,5 километри, соопштија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, на заедничка прес-конференција.

Според договорот, изградбата ќе се врши на комплетна нова траса, и тоа од местото Софилари пред Штип, па сè до Бучим. Вредноста на инвестицијата е 1 милијарда 734 милиони денари, односно околу 28 милиони евра.

Според проектната документација, патот ќе има две ленти со широчина од  3,5 метри и две ленти за застанување со широчина од 2 метра. Исто така, предвидено е и поставување заштитна ограда и поставување вертикална и хоризонтална сигнализација на ниво на експресен пат. Максималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час.

Предвидено е на патот да бидат изградени 11 моста, 22 пропусти, 3 надвозници и 2 подвозника.

Изградбата на патот ќе започне најдоцна за еден месец, а ќе се заврши во рок од три години.

Истовремено, во тек е и изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани.

Додека трае изградбата на новиот експресен пат од Штип до Радовиш, Јавното претпријатие за државни патиштаќе изврши реконструкција преку проширување на веќе постојниот регионален пат Штип – Радовиш, инвестиција од 3 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik