Ќе се гради патот од Дреново до Плетвар

Bez autora
Sep 17 2015

Во ноември ќе започнат градежните работи за изградба на патот од Дреново до почетокот на превојот Плетвар. Ова го најави министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакнувајќи дека целта на оваа владина инвестиција вредна околу 42 милиона евра е развој на економијата. Ќе биде изграден пат со по две ленти во двете насоки, инвестиција од 42 милиони евра која што ја поддржува Европската банка за обнова и развој. Верувам дека тоа ќе помогне во голем дел да се подобрат условите за бизнис за прилепските стопанственици, но, се разбира, и за граѓаните кои секој ден го користат тој пат, рече вицепремиерот Ставрески.

Во ноември ќе започнат градежните работи за изградба на патот од Дреново до почетокот на превојот Плетвар. Ова го најави министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакнувајќи дека целта на оваа владина инвестиција вредна околу 42 милиона евра е развој на економијата.

„Ќе биде изграден пат со по две ленти во двете насоки, инвестиција од 42 милиони евра која што ја поддржува Европската банка за обнова и развој. Верувам дека тоа ќе помогне во голем дел да се подобрат условите за бизнис за прилепските стопанственици, но, се разбира, и за граѓаните кои секој ден го користат тој пат“, рече вицепремиерот Ставрески.

Ветувањата дека патот од Прилеп до Велес ќе биде изграден според современи стандарди датираат од почеток на осамостојувањето на Македонија. Секоја влада досега ветуваше дека оваа делница, една од најризичните во државата, ќе ја изгради за време на својот мандат. Условите, во меѓувреме се подобрени, огромниот ризик е ублажен со извесни проширувања на оваа делница, но реалниот проблем не е решен. Сите возачи знаат со какви проблеми постојано се соочуваат.

„Од Дреново, па низ клисурите патот е ужас, но и кај Тројаци, па до Беловодица. И нема сезона кога ризикот е помал, и во лето и во есен и во зима, патот е толку вдлабнат што опасноста е голема и при нормално управување на возилото, а не кога човек има намера да претекне. Не знаеш во кој правец може да те однесе возилото. Потоа кога се искачува на Плетвар, низ кривините има такви вдлабнатини, што трите ленти се повеќе ризик отколку предност во возење. Тоа е огромен проблем за сите, не само за возачите, туку за сите патници“, велат таксистите кои секој ден ја минуваат оваа делница.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik