Ќе се пие македонска ракија на рускиот пазар

Bez autora
Nov 10 2016

Млечните производи, производите од конзервната индустрија и ракијата се мошне атрактивни за рускиот пазар. Сертифицирањето на ракијата на рускиот пазар започна во мај. Очекуваме дека за еден месец ќе бидат извезени првите количества на ракија во Русија, изјави генералната директорка на „Македонски дом“ , Инна Владимировна- Жарова, на вчерашната прес-конференција, на која Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом“ од Москва потпишаа договор за соработка. Преку „Македонски дом“ на рускиот пазар во иднина ќе се пласираат македонски производи. Со Договорот се отвораат можности за голем број македонски компании да ги понудат своите производи на рускиот пазар. Активно ќе соработуваме на развивање на трговско-економски и туристички врски, со што ќе создадеме услови за зголемување на размената и за намалување на македонскиот трговски дефицит, изјави Владимировна-Жарова.

Ќе се пие македонска ракија на рускиот пазарМлечните производи, производите од конзервната индустрија и ракијата се мошне атрактивни за рускиот пазар.

„Сертифицирањето на ракијата на рускиот пазар започна во мај. Очекуваме дека за еден месец ќе бидат извезени првите количества на ракија во Русија“, изјави генералната директорка на „Македонски дом“ , Инна Владимировна- Жарова, на вчерашната прес-конференција, на која Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом“ од Москва потпишаа договор за соработка.

Преку „Македонски дом“ на рускиот пазар во иднина ќе се пласираат македонски производи.

„Со Договорот се отвораат можности за голем број македонски компании да ги понудат своите производи на рускиот пазар. Активно ќе соработуваме на развивање на трговско-економски и туристички врски, со што ќе создадеме услови за зголемување на размената и за намалување на македонскиот трговски дефицит“, изјави Владимировна-Жарова.

Моментално, македонските фирми најмногу во Русија извезуваат земјоделско-прехранбени стоки и фармацевтски производи.

„Заеднички ќе договараме посети на саемски манифестации, ќе организираме симпозиуми, тркалезни маси и конференции, се' со цел да се зголеми протокот на информации и да се зголеми размената. Се надеваме дека ќе дојдат и руски инвестиции“, истакна Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора.

Тој рече дека посебен фокус ќе биде ставен на соработката во областа на туризмот. Во август годинава престојувале само 551 гости од Русија, што не е ниту 1 отсто од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, обемот на размената меѓу Македонија и Русија на крајот на септември е помал за 12,2 отсто во однос на истиот период лани. Во деветте месеци од годинава вредноста на размената изнесувала околу 129,5 милиони долари, при што трговскиот дефицит на наша страна изнесува 65 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik