Ќе се разгледува можноста за либерализација на Железницата

Bez autora
Jun 07 2017

Владата во наредниот период ќе се заложи за обезбедување на поголем обем на работа на „Македонски железници“, а ќе ја разгледува и идејата за либерализација на железничкиот транспорт. Како што изјавија денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во врска со вчерашната средба со Синдикатот на машинскиот персонал, коефициентот на сложеност на работно место во Железници ќе изнесува 2,85, а висината на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа за викенд ќе се исплаќа повторно, како на износот од пред стапувањето во сила на антикризните мерки.

Ќе се разгледува можноста за либерализација на ЖелезницатаВладата во наредниот период ќе се заложи за обезбедување на поголем обем на работа на „Македонски железници“, а ќе ја разгледува и идејата за либерализација на железничкиот транспорт.

Како што изјавија денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,  и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во врска со вчерашната средба со Синдикатот на машинскиот персонал, коефициентот на сложеност на работно место во Железници ќе изнесува 2,85, а висината на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа за викенд ќе се исплаќа повторно, како на износот од пред стапувањето во сила на антикризните мерки.

Според Анѓушев, легитимни се барањата на машиновозачите во врска си исплатата на платите, поради што во изминатите два дена беше блокиран  железничкиот сообраќај.

„Мислам дека постигнавме солиден договор и во иднина ќе имаме отворен разговор со сите синдикати со цел да ги решаваме проблемите на вработените. Ќе следат дискусии за решавање на состојбите кои ќе се обидеме да ги решиме на соодветен начин и во рамки на можностите“, изјави Анѓушев.

Тој додаде дека за некои државни претпријатија веќе се размислувало што да се направат за да работат профитабилно, а во нив влегува и Железницата.

Според Анѓушев, Владата има идеи во насока на либерализација на железничкиот сообраќај, при што инфраструктурата ќе останува во рацете на државата, иако може да се случи да има повеќе оператори за транспорт.

Одговарајќи на новинарско прашање за проблемите околу изградбата на автопатот Охрид – Кичево, што ги соопшти Владата, ресорниот министер Сугаревски рече дека станува збор за експропријација што сега се разгледува заедно со сите можни проблеми што се појавија при изградбата на автопатот.

„Се надеваме дека во најбрз рок ќе можеме на јавноста да и соопштиме за што станува збор“, посочи Сугаревски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik