ЕБОР: Македонската економија со најбрза стапка на раст во регионот

Bez autora
May 14 2015

Македонската економија продолжува да расте со најбрза стапка во регионот на Западен Балкан, се наведува во најновите економски прогнози што во четвртокот ги објави европската банка за обнова и развој (ЕБОР). ЕБОР предвидува оваа година македонскиот БДП да се зголеми за 3,5 проценти и дополнителни 3,7 проценти во 2016 година. Ризиците од намален раст главно произлегуваат од внатрешните политички несогласувања, се укажува во сооштението на ЕБОР. Економските прогнози на ЕБОР за југо-источна Европа даваат знаци на заздравување. Перспективите на економиите во југо-источна Европа (ЈИЕ) се подобруваат, како последица на монетарните олеснувања во еврозоната, послабото евро, пониските цени на стоките за широка потрошувачка и сѐ поголемата важност на националните политики.

ЕБОР: Македонската економија со најбрза стапка на раст во регионотМакедонската економија продолжува да расте со најбрза стапка во регионот на Западен Балкан, се наведува во најновите економски прогнози што во четвртокот ги објави европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

ЕБОР предвидува оваа година македонскиот БДП да се зголеми за 3,5 проценти и дополнителни 3,7 проценти во 2016 година.

Ризиците од намален раст главно произлегуваат од внатрешните политички несогласувања, се укажува во сооштението на ЕБОР.

Економските прогнози на ЕБОР за југо-источна Европа даваат знаци на заздравување. Перспективите на економиите во југо-источна Европа (ЈИЕ) се подобруваат, како последица на монетарните олеснувања во еврозоната, послабото евро, пониските цени на стоките за широка потрошувачка и сѐ поголемата важност на националните политики.

По тешката 2014 година, извештајот прогнозира зголемување на порастот во ЈИЕ до 2,3 проценти во 2015 година, а потоа до 2,8 проценти во 2016 година. Меѓутоа, високите износи на нефункционални заеми (НФЗ) и несигурностите во однос на Грција, претставуваат значителен ризик за земјите во регионот.

Квантитативните олеснувања од страна на Европската централна банка овозможија полесни монетарни услови во земјите со блиски економски врски со еврозоната. Меѓутоа, перспективите на еврозоната може да бидат влошени поради нестабилноста поврзана со Грција.

За останатите држави од регионот, ЕБОР на Албанија и на БиХ им предвидува раст од 2,5 отсто во оваа и 3,0 отсто во наредната година.

За Црна Гора се очекува раст од 3,5 отсто во 2015 година и зголемување на растот од 3,7 отсто во следната година.

Србија се очекува да има скромно заздраување од 0,3 отсто по минатогодишната рецесија, а во 2016 година да оствари раст од 1,8  отсто.

За Косово се предвидува раст од 2,5 отсто во оваа и 3,5 отсто во 2016 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik