Eднакви услови за домашните и странските компании

Bez autora
Jun 25 2015

Погодностите што ги добиваат странски инвеститори ја нарушуваат економијата на земјава, смета бизнисменот Трифун Костовски, а компаниите кои своите вложувања ги разместуваат во различни земји, барајќи поволни услови, ги нарекува номадски. Познатиот стопанственик, кој својата кариера ја градеше во повеќе европски држави, а од 2001 година започна со вложувања во повеќе компании во земјава, трендот за привлекување странски компании во слободните зони го нарекува новоформирано робовладетелство. Да беа странските инвестиции позитивен тренд, ќе ги имаше и во високоразвиените земји. Тие не треба да се бројат во десетици или стотици, туку треба да се очекуваат 4 или 5, ама во вистинските области, смета Костовски. Тој го нагласи незадоволството на домашните компании поради повластените услови за работа на странците. Тие очекуваат исти услови за работа како и странските фирми, бидејќи, вели Костовски, ваквата економска политика „им ја зема заработката и на нашите фирми и на граѓаните“. Еден од најдрастичните примери е одливот на висококвалификуваните кадри во западноевропските држави и пошироко.

Eднакви услови за домашните и странските компанииПогодностите што ги добиваат странски инвеститори ја нарушуваат економијата на земјава, смета бизнисменот Трифун Костовски, а компаниите кои своите вложувања ги разместуваат во различни земји, барајќи поволни услови, ги нарекува номадски. Познатиот стопанственик, кој својата кариера ја градеше во повеќе европски држави, а од 2001 година започна со вложувања во повеќе компании во земјава, трендот за привлекување странски компании во слободните зони го нарекува новоформирано робовладетелство.

„Да беа странските инвестиции позитивен тренд, ќе ги имаше и во високоразвиените земји. Тие не треба да се бројат во десетици или стотици, туку треба да се очекуваат 4 или 5, ама во вистинските области“, смета Костовски.

Тој го нагласи незадоволството на домашните компании поради повластените услови за работа на странците. Тие очекуваат исти услови за работа како и странските фирми, бидејќи, вели Костовски, ваквата економска политика „им ја зема заработката и на нашите фирми и на граѓаните“. Еден од најдрастичните примери е одливот на висококвалификуваните кадри во западноевропските држави и пошироко.

„Губењето на човечкиот кадар е едно од најголемите зла на општествата бидејќи човекот е најголемиот капитал. Погрешна е политиката која на овие луѓе им порачува дека немаат иднина во својата земја. Фирмите, во кои моето семејство има свој капитал, вработуваат над 1.400 лица и за сите редовно се исплатуваат плати и придонеси“, вели Костовски.

Економската стабилност и просперитет, според него, е патот кој не води во европското семејство, а новата политика која ја очекуваат граѓаните треба да биде во насока на стабилизација, регионална поврзаност и поттикнување на домашното стопанство. Инвестициите, пред се' треба да се насочат кон инфраструктурата, која ќе обезбеди брзи патни и железнички поврзување со Европа, и што поскоро реализирање на енергетските проекти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik