Владата на денешната седница се очекуваше да ги усвои измените, кои по скратена постапка потоа ќе ги изгласа и Собранието. Зелениот картон се враќа по старо, односно оние што патуваат само еднаш годишно ќе можат да извадат зелен картон со важност од еден месец. Анализите на осигурителните компании и на Владата покажале дека е најдобро наместо повеќе категории да се воведе зелен картон со важност и од еден месец, покрај годишниот кој чини 60 евра. Едномесечниот зелен картон, како што најави премиерот Никола Груевски, ќе чини 30 евра за оние што имаат возила до 66 киловати, а 50 евра за над оваа јачина на мотор. Сепак, од Владата и од осигурителните компании не откриваат за колку денови ќе почне да важат измените. Владата се очекуваше на вчерашната седница да ги усвои измените кои по скратена постапка потоа ќе ги изгласа и Собранието. Од осигурителните компании велат дека по изгласувањето на законските измени, Националното биро за осигурување треба да го коригира тарифникот, во кој ќе влезе и едномесечниот зелен картон.
Владата на денешната седница се очекуваше да ги усвои измените, кои по скратена постапка потоа ќе ги изгласа и Собранието.
Зелениот картон се враќа по старо, односно оние што патуваат само еднаш годишно ќе можат да извадат зелен картон со важност од еден месец.
Анализите на осигурителните компании и на Владата покажале дека е најдобро наместо повеќе категории да се воведе зелен картон со важност и од еден месец, покрај годишниот кој чини 60 евра.
Едномесечниот зелен картон, како што најави премиерот Никола Груевски, ќе чини 30 евра за оние што имаат возила до 66 киловати, а 50 евра за над оваа јачина на мотор. Сепак, од Владата и од осигурителните компании не откриваат за колку денови ќе почне да важат измените. Владата се очекуваше на вчерашната седница да ги усвои измените кои по скратена постапка потоа ќе ги изгласа и Собранието. Од осигурителните компании велат дека по изгласувањето на законските измени, Националното биро за осигурување треба да го коригира тарифникот, во кој ќе влезе и едномесечниот зелен картон.
Ваквиот картон можеше да се вади пред повеќе години, односно во 2011 година кога освен на 30 дена постоеше можност да се извади и на три и на шест месеци. Сега зелениот картон може да се добие само за една година. Цената за возила до 66 киловати е околу 60 евра, а 90 евра за над оваа јачина на мотор. Како што е познато, се' до крајот на септември 2011 година постоеше можноста зелен картон да се извади на еден, три, шест месеци и една година, по различни цени. Едномесечниот картон тогаш чинеше 40 евра. Но, потоа Владата го измени моделот, па од стартот на октомври 2011 година, зелениот картон може да се купи само со рок од една година, со тарифа од 60 евра. Тоа во однос на претходната цена беше значајно поевтинување, но граѓаните реагираа дека се принудени да платат 60 евра, дури и да сакаат само еднаш да отпатуваат во странство.
Според се' уште актуелниот тарифник, зелениот картон за патничките возила до 66 киловати чини 60 евра, за оние над 66 киловати е 90 евра, а за товарните возила цената е 280 евра.