ЕИБ одобри шест апликации за изградба на комунална инфраструктура

Bez autora
Jan 16 2012

Европската инвестициона банка одобри шест апликации за изградба на комунална инфраструктура, односно нови водоводно-канализациски системи во општините во Република Македонија. Минатата недела беа одобрени апликациите за изградба на водовод во градот Неготино на улицата „11 Октомври“, водовод во Кавадарци и Росоман, водовод во населеното место Никифорово во општината, Маврово и Ростуше, фекална канализација во општината Петровец и фекална канализација во населеното место Ерџелија во општината Свети Николе и водовод. Денеска е одобрена уште една апликација и тоа за изградба на водовод во Мусинци во општина Могила. Во следниот период ќе биде спроведена јавна постапка за избор на изведувач на градежните работи, по што ќе започне реализацијата на одобрените проекти. Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живот, посебно во руралните средини.

ЕИБ одобри шест апликации за изградба на комунална инфраструктураЕвропската инвестициона банка одобри шест апликации за изградба на комунална инфраструктура, односно нови водоводно-канализациски системи во општините во Република Македонија.

Минатата недела беа одобрени апликациите за изградба на водовод во градот Неготино на улицата „11 Октомври“, водовод во Кавадарци и Росоман,  водовод во населеното место Никифорово во општината, Маврово и Ростуше, фекална канализација во општината Петровец и фекална канализација во населеното место Ерџелија во општината Свети Николе и водовод.

Денеска е одобрена уште една апликација и тоа за изградба на водовод во Мусинци во општина Могила.

Во следниот период ќе биде спроведена јавна постапка за избор на изведувач на градежните работи, по што ќе започне реализацијата на одобрените проекти.

Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живот, посебно во руралните средини. Вкупната вредност на овој проект кој се реализира во соработка со Европската инвестициона банка е 50.000.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik