Европскиот инвестициски фонд и групацијата „ПроКредит“ потпишаа договор со кој ќе бидат обезбеди 250 милиони евра за иновативни мали и средни претпријатијаво седум држави, вклучително и Македонија. Станува збор за програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија. Новиот договор ѝ овозможува на групацијата „ПроКредит“, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра. Банките ќе бидат поддржани со гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ.
Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ потпишаа договор со кој ќе бидат обезбеди 250 милиони евра за иновативни мали и средни претпријатија (МСП) во седум држави, вклучително и Македонија.
Станува збор за програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија.
Новиот договор ѝ овозможува на групацијата „ПроКредит“, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра.
Банките ќе бидат поддржани со гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ.
„Задоволство ми е што го потпишувам овој договор за InnovFin гаранцијата за МСП со Групацијата „ПроКредит“ во корист на иновативните компании. Имаме претходно искуство со групацијата „ПроКредит“ и сигурни сме дека ќе ги поддржат иноватините и растечки бизниси на кои има се потребни финансиски средства“, изјави извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Џилиберт.
„Договорот поддржан од ЕУ кој се потпишува денес е отворен за мали и средни претпријатија од земјите членки на РУ како и земјите поврзани со проектот „Хоризонт 2020“ од Југоисточна Европа. Целта е да се поттикнат инвестиции во иновативни компании кои создаваат работни места и развој,’’ рече Европски Комесар за истражување, наука и иновации, Карлос Моедас.
Целта на InnovFin гаранцијата за МСП е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средни претпријатија (фирми со помалку од 500 вработени) на кои им е потребен фиксен и/или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ.