Економската соработка со Црна Гора треба да се унапреди

Bez autora
Aug 09 2017

Mинистерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, Зоран Шапуриќ, денеска имаше средба со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ, при што го запозна амбасадорот со своите и активностите на премиерот Зоран Заев и Владата на Република Македонија за подобрување на севкупната бизнис-клима во државата. На средбата беше констатирано дека и покрај одличната политичка и културна соработка помеѓу Македонија и Црна Гора, економската соработка не е на потребното ниво и треба да се подобри. Затоа, определба на владите на двете држави е да се унапреди меѓусебната трговска размена. Амбасадорот ја пренесе определбата на владата на Црна Гора за севкупно унапредување на односите на Црна Гора – Македонија во сите области.

Економската соработка со Црна Гора треба да се унапредиMинистерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, Зоран Шапуриќ, денеска имаше средба со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ, при што го запозна амбасадорот со своите и активностите на премиерот Зоран Заев и Владата на Република Македонија за подобрување на севкупната бизнис-клима во државата.

На средбата беше констатирано дека и покрај одличната политичка и културна соработка помеѓу Македонија и Црна Гора, економската соработка не е на потребното ниво и треба да се подобри. Затоа, определба на владите на двете држави е да се унапреди меѓусебната трговска размена.

Амбасадорот ја пренесе определбата на владата на Црна Гора за севкупно унапредување на односите на Црна Гора – Македонија во сите области.

Воедно, амбасадорот Митровиќ го поздрави реформскиот курс на Владата за забрзување на процесите за интегрирање во Европската Унија и НАТО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik