Економскиот раст ги изненади сите

Bez autora
Mar 13 2016

Колкав простор за оптимизам отвора растот на бруто-домашниот производ од 3,7 отсто за цела мината година, и 3,9 проценти во четвртиот квартал. Бизнисмените сметаат дека ако се работи за градежништво, финансирано од приватни инвеститори, тој раст и во иднина ќе има силно позитивно влијание, а дел велат дека најголемо влијание врз добриот резултат има реализирањето на капиталните инвестиции и исплатата на доспеаните обврски од страна на државата. Вицепремиерот и министер за финансии изјави дека ако се има предвид сложената политичка ситуација во земјата, ова се извонредни резултати. Според него, растот лани ги надминал владините очекувања, и тој е добра основа да се очекува дека оваа година ќе биде успешна на економски план. Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавци на Македонија, вели дека според него, се наметнуваат два заклучоци.

Економскиот раст ги изненади ситеКолкав простор за оптимизам отвора растот на бруто-домашниот производ од 3,7 отсто за цела мината година, и 3,9 проценти во четвртиот квартал.

Бизнисмените сметаат дека ако се работи за градежништво, финансирано од приватни инвеститори, тој раст и во иднина ќе има силно позитивно влијание, а дел велат дека најголемо влијание врз добриот резултат има реализирањето на капиталните инвестиции и исплатата на доспеаните обврски од страна на државата.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, изјави дека ако се има предвид сложената политичка ситуација во земјата, ова се извонредни резултати. Според него, растот лани ги надминал владините очекувања, и тој е добра основа да се очекува дека оваа година ќе биде успешна на економски план.

Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавци на Македонија, вели дека според него, се наметнуваат два заклучоци.

„Првиот е дека за растот од 3,9 отсто во четвртиот квартал не треба кој знае колку да не радуваме и тоа да го претставуваме како чудо. Треба да имаме предвид кое е нашето ниво на БДП, што најдобро се гледа според БДП по жител кое е три пати пониско од Словенија“, вели Димитров. Според него, земјава треба да цели кон многу повисоки стапки на БДП, на пример 6 отсто во период од неколку години, па за да стигнеме до некој европски просек на животниот стандард.

„Вториот заклучок се однесува на градежништвото, на што најмногу се должи вкупниот пораст на БДП. Ако се работи за градежништво финансирано од приватни инвеститори, како што е на пример изградба на станбени згради, или уште подобро на деловни објекти, тогаш тој раст и во иднина ќе дава силен позитивен импакт врз економијата“, вели Димитров.

Од друга страна, според него, доколку се работи во рамките на јавната инфраструктура и ако се финансира со кредити од странство, во сегашниот период ќе дава силни резултати врз растот, но ќе трае додека трае изградбата. Потоа, ќе има посредно позитивно влијание, но не толку директно и значајно како сега.

„Тоа не може да оди до недоглед, и кога во наредните години од буџетот ќе треба да се отплаќаат поголеми рати, ќе мора да се намалуваат капиталните инвестиции. Тогаш можноста државата да влијае врз растот преку буџетот ќе биде помала“, вели Димитров.

Фатмир Битичи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, смета дека растот во четвртиот квартал главно се должи на владините капитални инвестиции, или на владините исплати на обврските кои таа ги имала.

„Ние како комора сметаме дека најголемо влијание врз растот во четвртиот квартал има фактот што Владата, наоѓајќи се пред избори, реализира голем број од нејзините капитални инвестиции, или ги исплаќа договорните обврски кои ги имала од претходно“, вели Битичи.

Според него, вистинската слика за тоа во каква состојба се наоѓа македонската економија ќе ја имаме во јули годинава, по изборите. „Бидејќи, веќе и за лани е регистриран пад кај одредени сектори од БДП, па после изборите ќе се види кои се реалните можности на македонската економија“, вели Битичи.

Инаку, членките на оваа комора укажувале дека се соочуваат со намалена потрошувачка за нивните производи. „Исто како што бизнисмените одложуваат одредени инвестиции и тие стагнираат, и граѓаните тоа го прават на планот на потрошувачката, па затоа таа заостанува“, вели Битичи.

Инаку, лани градежниот сектор „изѕидал“ раст од 16,8 отсто, а преработувачката индустрија покажува пад од два процента.

Дел од експертите сметаат дека освен градежништвото, остатокот од приватниот сектор е во многу послаба кондиција.

Неодамна Светска банка прогнозираше дека за да го достигне животниот стандард на граѓаните на ЕУ, на Македонија и' се потребни 30 години во кои би остварувала стапки на раст од 4,5 отсто годишно, под претпоставка стапките во европските земји да бидат на ниво од 0,5 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik